Македонија
Сајкоски: Расте поддршката за Силјановска Давкова за претседател на Македонија

Поддршка за нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова од ден на ден расте. Се по голем број на граѓани ни приоѓаат и не поддржуваат, даваат силна поддршка. Победата ќе биде голема, победа ќе биде историска, вели Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
„Денеска сме тука во Дебарца за да ја побараме и добиеме поддршката на граѓаните од оваа прекрасна општина, составена од многу живописни села и населени места. Затоа повикуваме на големо единство. На единство кое ќе ја зголеми победата, единство кое ќе ја зголеми поддршката и единство кое ќе ни донесе претседател кој што може, знае, кој што сака да направи меѓународна поддршка да добиеме, кое што сака да постигне внатрешно единство и кој што сака да имаме народ да биде достоинствен и народ кој што како што ја почна да ја гради оваа држава, така да ја види периодот кој што следи.
“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Апасиев со тужба против Собранието и Гаши

Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднел тужба до Управниот суд против Собранието и претседателот на парламентот, Африм Гаши.
Повод за оваа тужба, како што се наведува во информацијата од Левица, е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули годинава.
Македонија
Вреди: Исплатени 99,7 милиони денари на 1.865 земјоделци низ државата

Преку Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, 1.865 земјоделци од цела Северна Македонија добиле директни плаќања во вредност од 99,7 милиони денари – информираат од политичката платформа Вреди.
Според соопштението, исплатите се реализирани благодарение на, како што посочуваат, „непоколебливата посветеност“ на заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа. Од Вреди ја оценуваат оваа поддршка како една од најзначајните и најдиректни инвестиции во земјоделството, која, како што наведуваат, ја отсликува нивната филозофија за правична застапеност, рамномерен развој и економско достоинство.
„Ова е конкретен доказ за јакнење на локалните земјоделци, зголемување на локалното производство и враќање на довербата во институциите. Албанското земјоделство влегува во нова, помодерна и поподдржана фаза“, се наведува во соопштението.
Од Вреди истакнуваат дека продолжуваат со градење инклузивни развојни политики и поставување нови стандарди во работењето на државата, со фокус на одговорност, институционален пристап и континуирана поддршка за земјоделците.
„За земјоделство што вреди, за држава што претставува“, порачуваат од Вреди.
Македонија
Ваучери за електронски уреди од 250 евра за студентите

Собранието со 84 гласа „за“ го усвои Законот за издавање вредносни ваучери од 250 евра (15.300 денари) за набавка на електронски помагала: лаптоп, таблет или персонален компјутер, за сите студенти до 29 години запишани на додипломски студии.
Според информациите на властите, за оваа намена од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари, со што ќе бидат опфатени 55 илјади студенти. Право на ваучери ќе имаат редовните и вонредните студенти на додипломски студии кои имаат не повеќе од 29 години и кои ќе запишат семестар во учебната 2025/2026 година на државен или приватен факултет.
Студентите запишани во втор и трет циклус на студии немаат право на ваучер.
Ваучерите за студентите премиерот Христијан Мицкоски првпат ги најави во октомври 2024 година на отворената програма „100 дена Влада“ што се емитуваше на јавниот сервис, а во јуни изјави дека ваучерите за електронски уреди ќе бидат доделени од наредната академска година.
Притоа, посочи дека процедурата е отпочната во рамките на Владата, односно во Генералниот секретаријат.