Македонија
Министерот Тошковски учествуваше во превентивни активнoсти на Одделението за превенција при СВР Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска 14.04.2024 заедно со дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управувње со кризи и градоначалникот на Општина Сопиште Стефче Трпковски се приклучија кон превентивно-едукативните кампањи кои ги спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари“, „Незаконско сечење на дрва и криминал“ и „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.
Оваа активност беше спроведена на подрачјето на Општина Сопиште, односно на излетничко место Козјак. Основна цел е зголемување на безбедносната култура кај жителите во општината и посетителите на ова излетничко место, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Имено, за време на активноста беше потенцирано зачестеното палење на шумите при правење на скара, и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.
Притоа, по случаен избор на присутните посетители им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое се однесуваше на страшната трагедија во Кочани, која однесе 62 млади животи и над 100 повредени. Според него, за несреќата се води селективна истрагата и се штитат актуелни функционери.
„После повеќе од еден месец можеме јасно да заклучиме дека кај највисоките владини функционери не постои морална вертикала, дека не постои чувство на морална одговорност и затоа денес немаме ниту една оставка од морални причини. Ова е поразително за една влада после несреќа од вакви размери и со толкав број на изгубени човечки животи. Но за моралот не се дискутира, човек или го има или го нема. Вториот заклучок е водење на селективна истрага која во суштина треба да ги заштити сегашните носители на високи позиции во министерството за внатрешни работи, државниот пазарен инспекторат и други институции од нивната одговорност“, рече Трајчулески.
Според него, целокупното водење на истрагата само ја потврдуваат тезата за контаминираност на истрагата и обид со разводнување на истата да се прикрие директната одговорност на оние кои требало да превенираат и да спречат.
„Ширењето на истрагата со децении наназад е само обид да се задоволи јавноста за сметка на откривањето на директните виновници за пожарот во дискотеката. Неуспешен ќе биде обидот да се префрли целосната вина единствено на лица кои се индиректно врзани за последицата и кои биле носители на одредени функции пред повеќе од 10 години, а во исто време да не се повикаат на одговорност оние кои направиле сериозни пропусти во моментот на случување на несреќата“, рече Трајчулески.
Македонија
Локалните избори треба да се распишат во јули или август

Кон крајот на јули или почетокот на август треба да бидат распишани локалните избори, брифираше претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Во врска со интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица, Гаши информираше дека се очекува да биде ставена на следната пленарна седница, на 29 април, како прва точка на дневниот ред.
Македонија
Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која откри мрежа од 50 лица, кои со лажни дијагнози давале туѓа нега и инвалидски пензии.
„Првин се случи една акција во Геријатрија, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и следниот ден го исклучивме од партијата. Сите што грешат треба да одговараат. Ние не сме ниту полиција, ниту Јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето, меѓутоа ги поздравувам овие акции. И јас имам информации дека има такви доктори, не се сите, не сакам да генерализирам, но онаму каде што постојат сомнежи ги поддржувам со сета почит и стоиме како Министерство за здравство тука за да им помогнеме во сите вакви акции да се расчисти со криминалот и корупцијата“, рече министерот Таравари при денешната посета на кумановската болница.
Бирото за јавна безбедност, вчера, на територијата на повеќе градови во државава спроведе акција за сузбивање организиран криминал и корупција во здравствениот систем. Мрежа од 50 луѓе со прикажување лажни дијагнози овозможувале надоместок за туѓа нега и одобрувале инвалидски пензии. Во мрежата се откриени лекари, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице и управител на консултантско биро. Претреси вчера беа направени и во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии во кои работат осомничените лекари, односно во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, во Клиничката болница во Тетово и во ЈЗУ Општа болница – Велес. Против осомничените се поднесени кривични пријави за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластувањето, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.