Македонија
Мицкоски: На овие избори изборот е помеѓу тоа Македонија да биде повторно горда или Македонија каква што ја сакаат ДУИ и измеќарите од СДСМ

Ќе го слушнете вчера Артан Груби на телевизија на едно интервју, ај што го пушти низ вода Бујар Османи така лесно дека нема да влезе во втор круг, па вели дека секој кој што сака да ја добие поддршката од ДУИ за втор круг мора да се согласи да се бира претседател во Парламентот. Значи не да го бирате вие, суверенот на народот, граѓаните, од вас потекнува легитимитетот, тие сакаат неколкумина. Така се тие навикнати во Речица во седиштето, неколкумина да седнат и да речат ти ќе ја купиш Соравија, ти ќе возиш Бентли, ти Ролс Ројс, ти ќе имаш фирма за ова, ти ќе увезуваш јаглен, ќе направиш фирма и ќе увезуваш јаглен. Тие така се навикнати. Тие не знаат да го прашаат народот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец.
Мицкоски потенцираше дека овие луѓе со ваков начин на размислување, продавајќи романтични националистички приказни повеќе од 20 години се богатат на грбот на народот.
„Ова го кажувам само да посветам внимание на овие измамници кои повеќе од 20 години со романтични националистички приказни и реторики се збогатија и станаа милионери на грбот на народот и тука нема етничка припадност. На грбот на сиот народ во Македонија, по принципот „Како до сега“. Тоа е принцип по кој повеќе од две децении владее ДУИ во владите со различни политички партии коишто се дел од таа влада, истакна Мицкоски и додаде:
„Тој принцип „како до сега е отвори денес фирма, утре донеси јаглен, ќе ти го платат од Буџетот по трипати повисока цена ќе вратиш кај нас пола од профитот. Тоа е принципот „Како до сега““.
Мицкоски исто така пред граѓаните истакна дека за време ва владеењето на ВМРО-ДПМНЕ сигурно е дека нема да биде како до сега, а тие што се погрешиле пред народот и пред законите ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за сите злодела коишто му ги нанесоа на народот на Македонија.
Тој исто така додаде дека изборот на овие избори е помеѓу тоа Македонија да биде повторно горда или Македонија каква што ја сакаат ДУИ и измеќарите од СДСМ.
„На овие избори изборот е помеѓу тоа Македонија да биде повторно горда, да биде Македонија достојна, да биде Македонија твоја ваша или пак да биде Македонија засрамена, понижена, ограбена. Тоа е изборот. Ве молам немојте да наседнувате на реториката на власта која што сака да ви ја наметне дека тие биле за ЕУ, Европски фронт, а ние сме биле против ЕУ. Тоа не постои. Изборот е или Македонија ваква каква што си ја сакаат огромно мнозинство граѓани или Македонија онаква каква што ја сакаат овие неколкумина од ДУИ и измеќарите од СДСМ“, дециден е Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
„Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град“, велат од УХМР.
Според најавите, од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.
Во Скопје, утре и во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
ЦУК: Четири активни пожари во Македонија, 2 под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои: 4 се активни, 2 се под контрола, а9 се изгаснати.
Активни пожари: 4
1. Општина Чашка – над Богомила (мешана шума)
2. Општина Куманово – с. Слупчане (нискостеблеста шума)
3. Општина Студеничани – с. Дречавица (шумски пожар во планински терен)
4. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
Под контрола: 2
1. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Желино – с. Церово (мешана шума)
Изгаснати се пожарите во Берово, Брвеница, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крушево, Долнени, Струга и Студеничани.
Македонија
(Видео) Избувнаа повеќе нови пожари – „Во Македонија има многу граѓани кои не ѝ мислат добро“, вели Михаилов

Попладнево низ повеќе делови од Македонија се појавија нови пожари, откако претпладне беше стабилизирана состојбата на теренот.
Надлежните институции реагираат со интервенции на копно и од воздух.
Информации објави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.
„Дефинитивно во Македонија има многу граѓани кои не и мислат добро, друго објаснување за ова кое се случува јас немам!
Пожаров кој го гледате е над село Ваксинце, општина Липково и избил пред 30 тина минути, а истиот ветерот многу бргу го шири накај Стража!
Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово!
Откако ја стабилизиравме целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб на Македонија до пладне го решивме и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе имаме пријава за неколку нови пожари!
После пладне е пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб беа упатени сили на ЈП “Македонски Шуми” , екипи на МВР и месно население, а таму на помош беше пратен и делуваше од воздух еден хеликоптер.
Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и пожарот во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС!
Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кој во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите!“, напиша Михаилов на ФБ.