Македонија
Герасимовски: Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар
Нов сквер ќе го разубави платото пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана, т.н. „урбан атрактор“на платото на аголот од улицата „Михаил Цоков “ и улицата „Орце Николов“ пред Општина Центар.
Оваа опрема има за цел да го збогати јавниот простор со урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за ново планираната инсталација „урбан атрактор“ се започнати и тој ќе се протега на површина од 56 метри квадратни.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека новиот сквер ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.
„Мило ми е што Дебар Маало добива ново урбано катче за граѓаните. Урбаниот елемент на новиот сквер ќе има модерна конструкција, а во неа ќе има урбана опрема за релаксација и одмор на граѓаните од секојдневието. Ова ќе биде простор каде граѓаните ќе можат да одморат, да се социјализираат или да ги паркираат своите велосипеди додека ги завршуваат обврските во околината. Верувам дека ова футуристичко урбано издание ќе го збогати Центар и ќе биде позитивно препознаено од граѓаните“, вели Герасимовски“, вели Герасимовски.
„Урбаниот атрактор“ Општина Центар го добива како донација од Стопанска банка. Истиот ќе биде осветлен и ќе има информативна табла за корисниците на овој урбан елемент. Општина Центар ќе продолжи да работи на нови естетски уредувања и нови проекти за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

