Свет
Напнати односи меѓу Кина и ЕУ, Шолц во Пекинг
Соработката меѓу Кина и Германија не е ризик, туку гаранција за стабилни односи и можност за иднината, изјави денеска во Пекинг кинескиот претседател Шји Џјинпинг во време кога Европската Унија се жали на кинеските производи, кои ги преплавуваат европските пазари. Индустриските и синџирите на снабдување на Кина и Германија се длабоко испреплетени, а нивните пазари се крајно меѓусебно зависни, му рече Шји на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во тридневна посета на Кина.
„Мораме сеопфатно да ги развиваме билатералните односи и да ги гледаме од долгорочна и стратешка перспектива“, рече Шји. Ова е прва посета на Шолц на Кина откако германската влада лани почна стратегија за намалување на ризикот за да избегне преголема зависност од кинеските доставувачи.
Неговата посета доаѓа во време кога ЕУ изразува загриженост поради заканата за европските компании од кинеските производи, вклучително и електричните возила и другите зелени технологии, кои ги преплавуваат пазарите на Унијата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се пожали на прекумерното производство на Кина, кое неправедно е поттикнато од огромните државни субвенции.
„Кинескиот извоз на електрични возила, литиумски батерии и фотоволтаични производи не само што го збогати глобалното снабдување и го ублажи инфлацискиот притисок туку и во голема мера придонесе за одговорот на климатските промени и трансформацијата на зелената и ниска емисија на јаглерод“, му рече Шји на Шолц.
„Германија и Кина треба да бидат внимателни кога станува збор за растечкиот протекционизам, објективно и дијалектички гледајте на прашањето за производствените капацитети од пазарно ориентирана и глобална перспектива“, порача Шји.
Шолц е внимателен во врска со потиснувањето на Кина, важен пазар за Германија, велејќи дека ЕУ не треба да дејствува од протекционистички, личен интерес. Сепак, конкуренцијата меѓу Кина и Германија треба да биде фер, изјави Шолц во понеделникот во Шангај.
„Во одреден момент ќе има кинески автомобили во Германија и Европа. Едно нешто што секогаш мора да биде јасно е дека конкуренцијата секогаш мора да биде фер“, им рече Шолц на студентите од Универзитетот „Тонги“ во Шангај.
„Со други зборови, дека нема дампинг (пласирање производи на пазарот по прениски цени), дека нема прекумерно производство, дека не се нарушуваат правата на интелектуална сопственост“, вели Шолц.
Во посетата на Кина му се придружија и шефови на германски компании, како што се шефовите на „Мерцедес-Бенц“ и БМВ, кои ја истакнаа важноста на кинескиот пазар за најголемата европска економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фараж: Путин е „екстремно опасен човек“
Лидерот на Британската реформска партија, Најџел Фараж, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „екстремно опасен човек“ откако јавната истрага откри дека тој наводно е „морално одговорен“ за смртта на британската државјанка Дон Стерџис, која почина откако случајно дојде во контакт со нервниот агент Новичок, употребен во обидот за атентат врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.
Во врска со претходните тврдења од 2018 година, кога тврдеше, додека Сергеј и неговата ќерка Јулија Скрипал сè уште беа во болница, дека британската влада пребрзо ја обвини Русија, Фараж рече дека „не знаел што се случило“.
„Не знаев што се случило. Беше труење. Дали мислам дека Путин е чудовиште? Мислам дека тој го докажува тоа секоја недела што поминува“, рече лидерот на британските реформисти.
Фараж додаде дека неговиот „пријател“, американскиот претседател Доналд Трамп, верувал дека може да постигне „разумен компромис“ меѓу Русија и Украина, со цел да се спречи војна што потсетува на обемот на страдањето од Првата светска војна, објавува „GB News“.
Сепак, Фараж истакнува дека Путин секој ден докажува дека е „ирационален“ и дека не сака праведно решение. Фараж го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер, кој го обвини реформистичкиот лидер дека е „руски агент“ затоа што имал средба со Путин.
„Па, една година потоа, кралицата се сретна со Путин. Дали таа беше руски агент? Не сум баш сигурен“, додаде Фараж саркастично.
Британска јавна истрага предводена од поранешниот судија лорд Ентони Хјуз откри дека Путин го одобрил атентатот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Солсбери во 2018 година. Дон Стерџис (44), која случајно стапила во контакт со Новичок, починала во операцијата, додека Скрипал и неговата ќерка Јулија го преживеале нападот, објави „GB News“.
Фото: ЕПА
Свет
Порака од Хелсинки: „Ако не се ослободиме од Фон дер Лајен, ништо нема да остане од Европа“
Доколку претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не биде наскоро заменета, Европа ќе се најде на патот кон самоуништување, предупреди финскиот економист и професор на Универзитетот во Хелсинки, Туомас Малинен, во ообјава на мрежата X.
„Доколку наскоро не се ослободиме од Фон дер Лајен, ништо нема да остане од нашиот голем континент (освен можеби Унгарија)“, рече Малинен, оценувајќи дека сегашното раководство на ЕК ја води ЕУ во длабока политичка и економска криза.
Причината за овој бран критики е неодамнешната изјава на Урсула фон дер Лајен дека Европската Унија би можела да донесе одлука за запленување на замрзнат руски имот со цел да обезбеди таканаречен репаративен заем за Украина – дури и без согласност на Белгија, која остро се спротивставува на оваа иницијатива.
Ваквата најава од Брисел предизвика бурни реакции низ целата Унија. Според тврдењата на неколку европски правни експерти, претставници на ЕУ и дипломати од земјите-членки, Европската комисија се однесува „лудо“ и ги надминува границите на институционалната одговорност.
Еден висок европски функционер отиде чекор понатаму, споредувајќи ја сегашната стратегија на Брисел со „удирање во ѕид“ – метафора што се чини дека сè повеќе го одразува расположението во европските политички кругови.
И додека критиките кон Фон дер Лајен стануваат сè погласни, според анализите на медиумите, Европската Унија се соочува со низа чувствителни политички одлуки што би можеле да ги постават темелите за нејзината иднина – или да ги продлабочат постојните поделби.
Фото: ЕПА
Свет
Германскиот претседател ја повика Велика Британија да го надмине „Брегзит“ и да ги обнови врските со ЕУ
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денес ја повика Велика Британија да го надмине „Брегзит“, односно нејзиното излегување од Европската Унија, и да се фокусира на обновување на врските со ЕУ.
„Не гледајте назад со лутина. Останете смирени и продолжете понатаму. Гледајте прагматично напред и продолжете понатаму“, рече Штајнмаер за време на своето обраќање пред членовите на британскиот парламент, за време на кое ги употреби стиховите на британската рок група „Oasis”, пренесува Ројтерс.
Тој повика на прагматизам и „нова основа“ во односите меѓу Велика Британија и ЕУ, откако Велика Британија ја напушти ЕУ во 2020 година.
Фото: ЕПА

