Контакт

Македонија

Правна анализа: Прогласувањето неработни денови за изборите предизвикува правна несигурност за приватниот сектор

Објавено пред

Анализа на Македонската асоцијација на корпоративни правници (МАКП)

dobivaj vesti na viber

Со Решението за распишување избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како и Решението за распишување избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), се утврди дека изборите ќе се одржат на ден 24 април 2024 година (среда), односно 8 мај 2024 година (среда). Согласно член 67 став 4 од Уставот и процедурата утврдена во Изборниот законик, решенијата за распишување на изборите ги потпишува Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

Со оглед на фактот што во конкретниот случај се отстапи од правилото изборите да се одржуваат во недела, како неработен ден, со определувањето на наведените денови за денови во кои што ќе се спроведат изборите, се наметнаа повеќе дилеми и потешкотии, особено кај работодавачите од приватниот сектор.

Владата објави на 9 април 2024 година дека на четиринаесеттата седница разгледала и усвоила Информација од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Притоа, во соопштението се истакнува дека Владата, согласно информацијата, донела заклучоци со коишто ги определи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда), за неработни денови, за сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија. Истовремено, Владата со овој заклучок само препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија, да ги спроведат овие заклучоци.

По реакции во јавноста и иницијативи доставени до Владата од страна на претставници во приватниот сектор за недореченоста на заклучокот, Владата на 16 април 2024, објави доцна вечерта (21:35 часот) дека на својата шеснаесетта седница заклучила 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат. Овој пат одлуката се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија. Со ова, Владата практично само ја избриша препораката до работодавачите во приватниот сектор да одредат неработен ден, односно им го одзеде правото да одлучат дали ќе работат или не, согласно нивниот деловен и производствен процес и фактот што вака одредените денови како неработни, не се празници или неработни денови утврдени согласно закон.

Со усвојувањето на новиот заклучок и бришењето на препораката за работодавачите од приватниот сектор несомнено се појаснува интенцијата на Владата истото да биде задолжително применливо за сите работодавачи и за сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија, без да се има во предвид можноста за поинакво уредување и онаму каде што работниот процес не може да запре а дотолку повеќе што во заклучокот се изоставени информации за работа на витални јавни дејности како што се здравството, полицијата и слично.

МАКП го анализираше овој настан и постапување врз основа на словото на законот и Уставот на државата и го објавува својот став, стриктно врз постулатите на позитивните законски прописи и начелото на владеење на правото.

Во конкретната ситуација се поставуваат најмалку следните прашања:

  1. Каков третман треба да имаат деновите кои се прогласени за неработни на овој начин, односно преку заклучок на Владата, и кои законски уредени обврски се наметнуваат врз работодавачите доколку истите работат на деновите кога се одвива изборниот процес?
  2. Дали Владата може или не во рамките на своите уставни и законски утврдени надлежности да носи одлука за дополнителни неработни денови за сите граѓани, односно и за           стопанството, кои како такви не се законски утврдени, како што тоа го прави со последниот заклучок за кој извести на 16 април 2024?
  3. Дали заклучок може воопшто да се смета за “пропис” и дали како форма е уредено со закон да содржи ваков тип на одлука од Владата и притоа таа да биде задолжителна за           приватниот сектор односно стопанството?

Анализа за Прашање 1

Законска основа за институтот ‘неработен ден’

Со Законот за празниците („Службен весник на РСМ“ бр. 21/1998 и 18/2007) се утврдуваат државните празници и другите празници и се определуваат неработните денови на празнувањето. Претходното значи дека, од причина што законот ги утврдува празниците и неработните денови во врска со празнувањето, во конкретниот случај, овој закон не може да се примени за утврдување на неработен ден по друг основ, освен основ празнување.

Во Изборниот законик не се среќаваат конкретни одредби за тоа каков третман треба да имаат деновите во кои што се одржуваат изборите, туку се содржани само правилата за роковите во кои што се свикуваат и одржуваат изборите по “од – до“ принципот. Во однос на некакво ослободување од работа и работни активности, Изборниот законик единствено во член 31 став 2 точка 43-г предвидува должност за ослободување на лица вработени во институции а кои лица се ангажирани од страна на Државната изборна комисија заради спроведување на изборите.

Член 91 од Уставот кој регулира надлежност на Владата на уставно ниво, ги утврдува таквите надлежности но во рамките на законските решенија, а не дава надлежност за носење одлуки на Владата надвор од рамките на законите. Оттука, овој член не дава законска основа за носење одлука за дополнителни неработни денови за сите граѓани вклучително и стопанството од страна на Владата, која не е законодавен орган.

Во Законот за работните односи (ЗРО), во членот 112 се регулира надоместокот на плата каде што согласно став 1 – „работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот“, додека пак во став 2 – „работодавачот е должен да му исплати надоместок на платата во случаите на отсутност од работа поради користење на годишниот одмор, платениот вонреден одмор, дообразување, со закон определени празници и од работа слободните денови и во случаите кога работникот не работи од причини на страна на работодавачот.“ Членот 148 од ЗРО пак регулира право на работникот на “отсуство од работа со надоместок за празниците определени како слободни денови од работа и на другите со закон определени слободни денови”.

Оттука, ЗРО го врамува неработниот ден (празник или друг вид неработен или слободен ден) само ако истиот е уреден со закон, а не со заклучок на седница од Влада..

Покрај Законот за работните односи, тесно поврзан акт со истиот е и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (ОКД), кој исто така е неопходно да биде предмет на анализа. Така, согласно со член 24 став 2 од ОКД, со општа примена за целиот приватен сектор: „За работа во денови на празници и од работа слободните денови, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.“ Од оваа одредба јасно произлегува дека неработните денови треба да се утврдени со закон, за да постои обврска ваквиот додаток на плата да се исплаќа. Доколку се анализира одредбата stricto sensu може да се заклучи дека за разлика од Законот за празниците, тука не се прави јасна разлика помеѓу празници и неработни денови за целите на празнувањето. Во секој случај, зборовите „утврдени со закон“ се своевиден квалификатив на одредбата и истата може да се толкува само во таа насока, освен во случаите кога со колективен договор на ниво на гранка или работодавач не е нешто поинаку утврдено.

Меѓутоа, согласно член 28 став 1 алинеја 5 ОКД пропишува дека работодавачот на работникот му исплаќа надомест на плата за „празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис“ што значи дека, споредбено со наведениот квалификатив од член 24 став од ОКД спомнат погоре, тука се предвидува дополнителен основ – квалификатив за празниците и неработните денови каде што покрај „утврдени со закон“ се предвидува и „или друг пропис“. Од содржината на одредбата произлегува дека за неработен ден утврден и со друг пропис, различен од закон, работодавачот е должен да исплати надомест на плата иако одредбата не упатува на кој или каков друг пропис со што остава можност за нејзино широко толкување и примена.

Во насока на одредбите на ОКД, ЗРО во член 12 предвидува дека со „договор за вработување односно со колективен договор може да се одредат правата кои што за работниците се поповолни отколку што ги определува законот како и тоа дека правата од работен однос утврдени со уставот, закон и колективен договор не можат да се одземат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот.

Поради последниот аспект од анализата на законската основа на уредување на празници и слободни (неработни) денови, детектиран во член 28 од ОКД и член 12 од ЗРО, од битно значење е анализата на прашањата 2 и 3, претставена подоле.

Анализа за Прашања 2 и 3

Правна природа и сила на Заклучокот/ Законска основа

Согласно член 35 од Законот за Влада, за извршување на законите, Владата донесува уредби со законска сила, одлуки, упатства, програми, решенија и заклучоци. Поконкретно, согласно член 36 став 7 од истиот закон, Владата зазема ставови по прашањата што ги претресувала на седница; утврдува мислења по предлози на закони и други прописи и по материјали што до Собранието ги поднеле други овластени предлагачи; одлучува за определени прашања од внатрешна организација и односи во Владата; ги определува задачите на министерствата и органите на државната управа и задачите на своите служби и зазема ставови од прашањата од својата надлежност, што јасно укажува дека заклучоците не можат и не треба да имаат правно обврзувачка сила за организации надвор од државната управа. Дополнително, заклучоците на Владата, конкретно за утврдување на 25 Април и 8 Мај 2024 за неработни денови, не се објавуваат во Службен Весник.

Во однос на одредбите за заклучок како акт на Владата, истите одредби се предвидени и во Деловникот за работа на Владата, односно членовите 95 и 96, каде во член 95 став 2 се уредува дека “Владата, во согласност со овластувањата утврдени со Уставот и со закон, утврдува начелни ставови и насоки за работа на министерствата и другите органи на државната управа.” Додека член 96 став 8 уредува: “Со заклучок Владата зазема ставови по прашањата што ги разгледувала на седница; утврдува мислења по предлозите на закони и други прописи и по материјали што до Собранието ги поднеле други овластени предлагачи; одлучува за определени прашања на внатрешната организација и односи во Владата; ги определува задачите на министерствата и другите органи на државната управа и задачите на своите служби; и зазема ставови за прашања од својата надлежност.” Член 67 став 2 пак уредува дека “предлог-заклучоците се подготвуваат во облик и содржина во кои треба да ги усвои Владата и содржат конкретни мерки, работни задачи и задолжување на органи”.Согласно горенаведеното, со ваков заклучок донесен од страна на Владата, кој по својата природа дава организациони овластувања за организација на работата на Владата и органите на државната управа како и дејствија од декларативна природа ( заземање на став, утврдување на мислења и слично) не може да се дополнуваат акти-закони донесени од законодавна власт односно да се предвидуваат дополнителни неработни денови по основ различен од оној веќе утврден со закон ниту пак да се наметнува толкување дека остварувањето на обврските од работен однос, преземени со слободна волја на граѓанинот како работник, на денот на изборите претставува оневозможување на остварување на гласачкото право, дотолку повеќе што и самиот Изборен законик не предвидува одредба нити упатува на тоа да работењето на денот на изборите претставува оневозможување во остварување на избирачкото право. Заклучокот како акт на Владата, имајќи ги во предвид законски-дефинираните ситуации и цели за негова примена не претставува пропис во смисла да определува дополнителни неработни денови надвор од рамката на законот, како и можност наметнување на обврски за субјекти надвор од државната управа и министерствата како во случајот, кон стопанството и приватниот сектор.Следствено на тоа, причинско последично се јавува дилемата дали заклучокот на Владата и неговата содржина може да биде правен основ за дополнителен надоместок во случај на работа во предметните денови или основ за изрекување санкција?

Со оглед да Изборниот Законик не предвидува можност денот на избори да биде неработен ден нити пак како таков е определен дека претставува оневозможување на граѓаните во остварување на избирачкото право, усвојувањето заклучок и прогласување на деновите на избори за неработни денови со заклучок не претставува „извршување на законите“ онака како што е предвидено во Уставот, Законот за Влада и Деловникот за работа на Владата.

Оттука, анализата укажува дека не постои законска можност со заклучок да се предвидуваат дополнителни неработни денови со кои се оптоварува приватниот сектор и не се остава можност за поинакво уредување и постапување на работодавачите од приватниот сектор. Дополнително, ваквото одредување на неработни денови, не може во целост да гарантира остварување на избирачкото право на граѓаните ниту пак да се смета дека работењето односно почитувањето на работните обврски претставуваат оневозможување во остварување на избирачкото право.

Став

Прогласувањето на неработни денови несомнено предизвикува правна несигурност за приватниот сектор и дополнително финансиско оптоварување за работодавачите, како и големи загуби при стопирање на производствениот и деловниот процес. Воедно ги доведува во прашање темелните вредности и загарантирано право на слобода на пазарот и претприемништвото, согласно член 8 и член 55 од Уставот.

Поради се погоре наведено, како Асоцијација чие членство директно го разработува и практично го применува дејствието на предметното прашање, отворено повикуваме да се земе оваа анализа во предвид. Работодавачот во оваа ситуација, треба слободно да може да донесе одлука за својот работно производствен процес, како и да одлучи за алтернативни аспекти од истиот со цел да се создадат возможни дополнителни услови на работниците да можат да го остварат правото на глас. Дел од таквите можни алтернативи се: ден од годишен одмор, неплатено отсуство од еден ден, скратено платено работно време од еден час и слично, по избор и одлука на секој поединечен работодавач, согласно својот деловен процес и специфики на индустријата.

***

*Ставот и правната анализа на МАКП не претставуваат поединечен совет за дејствување и постапување кон и за ниеден работодавач или субјект во државата.

Македонија

Обвиение за омраза кон директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија: Извикувал нацистички поздрави и пцуел на германски јазик

Објавено пред

Од

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

dobivaj vesti na viber

Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија.

На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик.

Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил. Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски веднаш да постапи

Објавено пред

Од

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Според партијата, овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско.

dobivaj vesti na viber

„Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди. СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни. Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти“, велат од СДСМ.

Од партијата бараат МВР и Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви МВР да го расчисти случајот до крај и сторителите да одговараат.

„СДСМ ќе продолжи достоинствено, мирно и храбро да ја води кампањата затоа што оваа борба е за нашата држава, за нашиот дом, за Македонија. Од народната волја бегање нема а изборен пораз не се брани со камења, тоа досега требаше да го научите“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од почетокот на годинава 18.458 казни за возење без возачка дозвола

Објавено пред

Од

Во периодот од 1 јануари до 30 септември во рамки на континуираните полициски активности во делот на сообраќајот во сите Сектори за внатрешни работи, вклучително и активностите на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани се 18.458 возачи кои учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.

dobivaj vesti na viber

Притоа најмногу вакви прекршоци се евидентирани на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Струмица и Скопје, 3.275 и 3.202 прекршоци, понатаму на територија на СВР Битола санкционирани се 2.811 возачи за возење без возачка дозвола, на подрачје на СВР Тетово изречени се 2.086 мерки, а во СВР Куманово санкционирани се 1.660 возачи за управување без возачка дозвола.

Во првата недела од октомври, односно заклучно со 07.10.2025 година во рамки на сообраќајните контроли досега констатирани се 373 прекршоци за учество во сообраќај без возачка дозвола.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа сите да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта за сите нас“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Обвиение за омраза кон директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија: Извикувал нацистички поздрави и пцуел на германски јазик

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на...

Македонија1 час

Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски веднаш да постапи

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Според партијата, овој насилнички и вандалски чин го покажува...

Топ1 час

Едно лице избодено со нож пред стоковна куќа „Мост“ во Скопје, напаѓачот е уапсен

Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот. Според информациите...

Свет3 часа

Трамп за договорот за војната во Газа: Неверојатно е, целиот свет се обедини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран би можел да биде дел од поширок мировен договор на Блискиот Исток...

Свет3 часа

УНИЦЕФ: Светот ги изневери Палестинците, 20.000 деца се убиени

По објавувањето на првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа владееше огромно чувство на радост...

Свет4 часа

Светските лидери му се заблагодаруваат на Трамп за договорот меѓу Хамас и Израел

Светските лидери го поздравија договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, објавен од американскиот претседател Доналд Трамп. Еве...

Свет4 часа

Израел и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа

Израел и Хамас се согласија за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, договор за прекин...

Македонија14 часа

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам...

Македонија14 часа

Мицкоски: Венко и Стевчо тајно во седиштето на СДСМ премерувале како да обезбедат 2.000 гласа за Јакимовски од СДСМ

На денешниот митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот...

Македонија19 часа

Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиство

Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше застрелан вчера во Куманово. Тој со повреди беше пренесен во болница, но...

Македонија20 часа

Евакуации во објектите околу плоштадот „ВМРО“ поради куфер оставен на плочникот, полицијата утврди дека е празен

Обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта пријавило во полиција дека две лица денес оставиле куфер на плочникот пред нивниот...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба...

Македонија1 ден

Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието. Панчо Минов беше дипломиран...

Македонија1 ден

Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во...

Македонија1 ден

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради...

Македонија1 ден

Истрага против две сопственички на домови за стари лица: сместувале женски и машки лица заедно, дел од корисниците биле заклучувани, им биле служеби оброци со изминат рок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година...

Топ1 ден

Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје...

Свет1 ден

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа1 ден

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...