Контакт

Македонија

Гордана Силјановска-Давкова: Однесувањето на ДУИ е врв на султанатот во Македонија

Објавено пред

Денеска, во рамките на својата кампања за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова, одржа говор во Берово.

dobivaj vesti na viber

– Врв на султанатот Македонија е она што се случи во Владата? Сте чуле ли некој премиер, па и некој технички премиер да си го слави роденденот со семејството во Владата. Луѓе, не само што ја приватизираа државата, туку и дворци си направија од државните институции, со сè внуци, со сè фамилија. Затоа јас велам дека се однесуваат како римски конзули, рече Силјановска-Давкова.

Во својот говор Силјановска-Давкова рече: „Од другата страна на Вардар еден друг конзул, еден друг везир, исто така си славеше во она министерство во кое што само 3% има други. Можете да замислите што прави господинот Артан Груби? Му го дава министерството, зградата, на султанот Али Ахмети за тој таму да се среќава со дипломати, па да слави родендени, па дури и да си пее. Тоа ли е држава? Тоа не е држава, тоа е држава во пропаѓање, а не само слаба држава и затоа да не дозволиме да пропадне“.

– Сè додека има горди Македонци, сè додека горди Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби, а тие се овде, во коалицијата, сè додека горди граѓани, мислам дека ние и Беровски и Русински ќе си ги имаме во умот и ќе зачекориме напред, во една нова ера. Инаку, тешко ни се пишува. А, кога мојот противкандидат зборува дека сторил сè што можел, не можам, а да не кажам дека ништо не сторил во овие пет години. Дури ни оние скромни уставни надлежности не ги искористил. Не дека не можел да прочита во Уставот што треба да прави туку оние кои се над него, оние кои ги слуша, му велеле дека не треба сам да одлучува. ,Ти следи не нас, ние ќе си работиме по старо и така ќе си владееме со Македонија како да е пашалак’. Мора да си заминат заради ова!, рече Силјановска-Давкова.

– Каде беше господинот Пендаровски? Каде беше да стави не знам колку вета на катастрофално лошите закони? Згора, замислете, носите закони во интерес на поединци, во интерес на групи, а се повикувате на европско право? И уште се именувате како Европјани. Ма, какви Европјани се тие?!? Тие не се ни западнобалканци. Тие .не се политичари! Тие се погрешни луѓе на погрешни места, погрешни луѓе на Вашите места. Луѓе кои не се избрани за таму, луѓе кои станале министри и пратеници, но не на правен начин туку со политички пазари. Затоа нема невин меѓу нив, поеднакво се одговорни и сите треба да си заминат затоа што наместо за доброто на граѓаните на Македонија, тие си градеа кули, но тоа се кули од пепел, вавилонски кули. Тоа ќе се види на 24 април кога ќе им се урне првата кула, а потоа на 8 мај и втората и кога ќе мора да си заминат, рече Силјановска-Давкова.

– Најважниот предизвик за сите нас е што? Беспоштедната битка со корупцијата и криминалот! Тие се најкорумпираните и криминализираните. Тие се татковците и мајките на корупцијата и криминалот. А, со корупција и криминал не се оди никаде, ни во место не се стои, се пропаѓа, а не ќе оделе тие кон Европската Унија. Запомнете – најстрашна власт е власт во заминување. Затоа прават симулации на некоја парадржава, квазидржава, институции што се нивни. Претпоставувам дека сакаат да предизвикаат национализам, а можеби и се закануваат по безбедноста. Но, мислам дека е крај за тоа. Мислам дека тоа нема да го одобри ниту еден граѓанин на Македонија без оглед на било каква припадност, рече Силјановска-Давкова.

– Луѓето сфатија дека ова се импотентни политичари, дека ова се политичари кои не водат политики, дека ова се политичари кои не се сакаат себеси, се плашат не само од Вас, се плашат од себе, од своите сенки. Затоа сега трчаат по Македонија, во битка по имунитет, мислејќи дека ќе се скријат во парламентот и така ќе бидат заштитени. Не, ништо нема да ги заштити! Ништо нема да ги заштити. Јас сум убедена дека хармонијата, синергијата, на двете глави на извршната власт, претседателската и онаа на владата, заедно со цврстото мнозинство во парламентот, што нема да значи триумфално управување, туку гаранција за спроведување на програмата, е правиот пат за Македонија како горда држава и како твоја држава. Одлуката е во Вашите раце и свесни сте за моментот кој што не смееме да го пропуштиме ако сакаме да живееме во пристојно место, каква што е Македонија, рече Силјановска-Давкова.

 

Македонија

Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар

Објавено пред

Од

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.

dobivaj vesti na viber

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.

Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.

Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

Прикажи повеќе...

Македонија

Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации

Објавено пред

Од

Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.

dobivaj vesti na viber

Пелагониски регион

Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.

Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.

Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.

Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.

Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.

Југозападен регион

Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.

Скопски регион

Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.

Полошки регион

Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.

Источен регион

Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.

Кратово

Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.

Југоисточен регион

Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.

Североисточен регион

Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.

Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

Објавено пред

Од

ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.

dobivaj vesti na viber

„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро.  Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија11 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија12 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ14 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет15 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија16 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија16 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ17 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа17 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет17 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет19 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет19 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа19 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија20 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија20 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...