Свет
Судот во Њујорк поништи пресуда на Харви Вајнстин за силување

Судот во Њујорк ја укина пресудата на Харви Вајнштајн за силување во 2020 година и нареди ново судење за случајот „MeToo“, пишуваат странските медиуми.
Во пресудата се наведува дека му било судено врз основа на неговото однесување во минатото, а не само врз основа на делата за кои бил обвинет. Судот одлучи дека судењето „погрешно го прифатило сведочењето за наводни претходни сексуални дејствија против лица кои не биле тужители во овој случај“.
Вајнстин (72) отслужува 23-годишна затворска казна во њујоршки затвор, откако беше осуден за сексуален напад за насилен орален секс со асистентка на ТВ и филмска продукција во 2006 година и за напад на актерка во 2013 година.
Тој ќе остане во затвор бидејќи беше осуден за уште едно силување во Лос Анџелес во 2022 година и осуден на 16 години затвор.
Обвиненијата против Вајнстин започнаа во 2017 година и го поттикнаа движењето #MeToo кое го разоткри сексуалното вознемирување на највисоките нивоа на холивудската филмска индустрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
218 лица загинаа при уривање на покривот на клубот во Доминиканската Република

Бројот на жртвите од уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго ноќта меѓу понеделникот кон вторникот се искачи на 218 лица, соопштија синоќа спасувачките служби.
Директорот на Центарот за итни операции, Хуан Мануел Мендес, изјави дека 189 луѓе се спасени.
Почина и славниот пејач Руби Перез, кој настапувал кога се урнал покривот.
Свет
(Видео) „Треба да функционираме како ‘Амазон Прајм’ само со луѓе“, рече директорот на Управата за имиграција на САД

Кога Доналд Трамп првпат се кандидираше за претседател во 2016 година, тој вети дека ќе ја води земјата како бизнис: „да го исцеди мочуриштето“ на корумпирани бирократи, да користи даночни дупки за да го задржи протокот на пари и да ги води операциите „по буџет и пред предвиденото“.
Токму тоа е визијата што Тод Лајонс, вршител на должноста директор на Управата за имиграција и царина на САД, ја има за иднината на депортациите во САД.
Говорејќи на Border Security Expo претходно оваа недела, Лајонс буквално рече:
„Мораме подобро да научиме како да дејствуваме како компанија… како ‘Амазон Прајм“, но со луѓе“.
Изјавата на Лајонс се вклопува со реториката на неколку говорници кои на собирот рекоа дека администрацијата на Трамп зависи од приватниот сектор за да ја спроведе својата политика за масовна депортација, пишува „Аризона Мирор“.
„Потребни ни се повеќе кревети, ни требаат повеќе авиони и знам дека многумина од вас се тука за тоа“, рече Том Хоман, „царот на границата“ на Трамп.
Лајонс понатаму нагласи дека сонува да вгради вештачка интелигенција во системот за имиграција за да ги „ослободи креветите“ и „да ги наполни авионите“.
Со други зборови, целта е да се извлечат луѓето од САД што е можно побрзо, без оглед на правните процедури и без да се поставуваат премногу прашања.
Свет
Трамп го обвини Мексико дека краде вода од Тексас

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека краде вода од фармерите од Тексас и се закани на земјата со царини за, како што тврди, кршење на меѓународниот договор.
„Мексико му должи на Тексас 1,3 милиони хектари вода според Договорот за вода од 1944 година, но Мексико, за жал, ја прекршува својата обврска од договорот. Ова е многу неправедно и предизвикува огромна штета на земјоделците од јужен Тексас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“.
Од друга страна, мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум на платформата „Икс“ објави дека пограничниот регион е погоден од тригодишна суша и дека Мексико ги исполнува своите обврски од договорот „во согласност со достапноста на вода“.
Шејнбаум додаде дека мексиканската влада ќе контактира со американските претставници за да се постигне договор.