Македонија
Димески: Ударна мерка на Левица на овие парламентарни избори се народни електрани
Носителот на листата со кандидати за пратеници од ИЕ6 за Левица, Игор Димески во Тетово имаш средби со граѓани. Тој презентираше дел од мерките за кои се залага Левица во областа на енергетиката и економијата.
– Заштита на домашното производство преку протекциони мерки, национализација на сите дистрибутивни мрежи во Македонија, задолжителни полици за македонски производи во сите маркети, државна комерцијална банка за бескаматно наменско кредитирање, гарантирани цени за најосновните прехранбени намирници. Инвестирање и модернизација за земјоделието и субвенции за мотивирање на луѓето да останат да живеат на село, воведување на максимални каматни стапки, данок на експлоатација на компаниите, данок на екстра профит за компаниите во криза, напуштање на политиката на рамни даноци каде сиромашниот и милионер плаќаат ист процент на данок, истакна Игор Димески.
Тој потенцира дека ударна мерка на Левица на овие парламентарни избори се народни електрани.
– Народни електрани е автентичен проект на Левица кој на секое семејство ќе му обезбеди сопствена централа за производство на електрична енергија, ги решаваме високите сметки за електрична енергија, рече Игор Димески.
Средбите со граѓаните Левица ги одржа во центарот на Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитријевиќ: Одговорноста за картелскиот скандал со пет тони дрога води директно до врвот на власта
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта, затоа цела недела нема информации, а а јавноста е сведок на организирана владина медиумска кампања за дефокус.
Димитријевиќ посочи дека цела недела нема одговор на клучното прашање, како толкава количина дрога поминала преку македонската граница и кој ќе одговара за тоа.
„Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус.Од јавно објавените фотографии може да се види дека запленетата дрога во Србија била пакувана во големи картонски кутии со димензии 60 на 40 сантиметри, со по 4 до 5 килограми марихуана во најлонски кеси. Тоа значи многу пратки, и многу возила, камиони. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери или камиони требало да ја поминат границата. Како?“, рече Димитријевиќ.
Притоа, Димитријевиќ истакна дека и за последните акции за запленет, одговорноста е кај власта.
„МВР молчи за тоа како 5 тони преминале преку македонската граница ама објавува дека заплениле 40 тони канабис во земјава. Ако навистина се запленети 40 тони нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.“
Тој нагласи дека без поддршка и заштита од институциите, ваков шверц не е возможен.
„Без поддршка, заштита и логистика од врвот на власта шверцот на огромна количина дрога преку границата не било возможно. Од Скопје до Табановце има 48 километри, со гранична и царинска контрола. Каде се камерите на „Safe City“? Каде е полиција? Каде се екипите на Мобилна царина? Каде се контролите?“, рече Димитријевиќ.
Македонија
Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“
Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината во полициска станица. Таа потврди дека пејачот бил киднапиран синоќа во близина на „Бетон хала“ во Белград и сега е дома, но потребен му е мир.
„Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави“, рече Рашиќ.
Додаде и дека полицијата трага по непознатите сторители, странски државјани, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил, барајќи му 20.000 евра.
Според досегашните информации, киднаперите се движеле во правец кон Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да го запре возилото. Во обид да избегаат, тие удриле во банкина, излегле од автомобилот и побегнале. Даниел бил пронајден врзан, а потоа поминал неколку часа во полициска станица, давајќи искази за настанот.
Рашиќ изрази благодарност до сите кои се јавиле и се загрижиле за здравјето и безбедноста на пејачот: „Им благодариме од срце на сите добри луѓе.“
Македонија
Мајката на Даниел Кајмакоски по киднапирањето: „Во шок сум, важно е што е жив“
Синоќа во Белград, во близина на „Бетон хала“, пејачот Даниел Кајмакоски бил киднапиран, а според првичните информации, двајца странски државјани му пришле со оружје. По повод настанот се огласи и неговата мајка, Ружа Кајмакоска, која е сè уште во шок од случката.
„Фала што прашавте. Се слушнавме. Најважно е што е жив, а дали е добро – рано е да се каже“, изјави таа, додавајќи дека целото семејство доживеало голем стрес, јавува „Блиц“.
„Во вакви ситуации човек најмногу стравува за своите деца. Во шок сум“, рече Ружа.
Како што објави „Блиц“, сè се случило кога Даниел излегол од локалот во кој настапувал вечерта. Тогаш му пришле двајца мажи – се претпоставува странски државјани – вооружени со нож и пиштол. Го натерале да влезе во автомобил и го врзале.
Постои и видео-снимка. Бидејќи за време на викендите во Белград има засилени контроли, полицијата во рутинска проверка му дала знак на возилото да застане, но киднаперите продолжиле.
Во исто време, пријател на пејачот го пријавил киднапирањето во полиција. Кај исклучувањето за Рума, возилото удрило во заштитна ограда, по што напаѓачите се дале во бегство. Кајмакоски бил пронајден врзан во автомобилот.
Според пишувањата на српските медиуми, киднаперите планирале да стапат во контакт со семејството и да побараат откуп. Потрагата по нив сè уште е во тек.

