Забава
Луѓето не веруваат дека Вера Ванг наскоро ќе наполни 75 години

Модната дизајнерка Вера Ванг го привлече вниманието со најновите објави на Инстаграм.
Таа објави неколку фотографии од фризерскиот салон, а потоа се фотографираше пред да оди на вечера. Луѓето во коментарите и пишувале дека не можат да поверуваат дека наскоро ќе наполни 75 години. Многумина се согласуваат дека таа изгледа многу помладо.
„Па како си толку млада и слаба?“, „И рацете ти се убави и без брчки“, „Неверојатно, ти си се поубава“, „Дали таа се откажа од стареење?“, пишуваат луѓето во коментарите.
Познатата дизајнерка, родена во 1949 година, стана вирална сензација на социјалните мрежи поради нејзиниот изглед кој им пркоси на возраста. Ванг ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед во интервју за BBC 100 Women минатата година.
Покрај тоа што верува дека „добриот сон вреди злато“, таа на крајот од денот се почестува со коктел од вотка, кој го смета за магичен еликсир.
„Во модата сум од својата 19 година. Никогаш не размислував за својот изглед, веројатно затоа што секојдневно работам со најубавите жени на светот. Ги сметам за мои музи и можеби тоа е добар начин да се справам со стареењето. Затоа отсекогаш велев дека тајната е во коктел со вотка“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.
Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.
Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.
На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.
Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.
Забава
Мик Џегер (81) се сврши со неговата 44 години помлада девојка

Поранешната балерина Мелани Хемрик (37) конечно ја потврди свршувачката со рокерот Мик Џегер (81), фронтмен на групата „Ролинг Стоунс“. Зошто конечно?
View this post on Instagram
Затоа што Мик Џегер и Мелани Хемрик се свршија пред две-три години, а веста за свршувачката беше случајно откриена во неодамнешното интервју за „Paris Match“, пишува „TMZ“.
И покрај ова, Мелани тогаш рече дека не брзаат да се подготват за венчавката.
„Можеби ќе се венчаме еден ден, можеби не. Толку сме среќни со животот што го имаме во моментов што не сакаме ништо да промениме“, рече таа во интервју за „Paris Match“.
Тие се запознале во 2014 година на концерт на групата „Ролинг Стоунс“ во Токио, каде Мелани била танчерка.
Забава
Почина 27-годишна австралиска манекенка со хрватско потекло: од неа се прости и Донатела Версаче

Австралискиот модел со хрватско потекло Луси Марковиќ почина синоќа на 27-годишна возраст, објавија австралиските медиуми. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзиниот инстаграм-профил.
Луси Марковиќ беше добро познато лице на австралиската и на меѓународната модна сцена, соработуваше со престижната агенција Elite NYC, беше модел за Версаче и работеше на кампањите на Викторија Бекам. Учествувала и во популарното телевизиско шоу Australia’s Next Top Model.
Со години таа храбро се бореше со сериозна болест – артериовенска малформација (АВМ), заплеткување на крвните садови во мозокот, што може сериозно да ја загрози функцијата на мозокот.
„Почитувани пријатели и семејство, со жалење мораме да ве информираме дека Луси почина. Таа почина мирно. Јас, мајка ѝ и мајка ми бевме со неа. Во овие моменти ве молиме да ни дадете простор, Луси нека почива во мир“, порачаа членовите на нејзиното семејство.
Од неа се простија и модната агенција на Луси и познатата дизајнерка Донатела Версаче. „Таа беше како светкава светлина, со одлична смисла за хумор. Сакаше да се смее и да танцува и многу ќе ни недостига“, се вели во соопштението на Elite NYC. „Многу ми е жал за Луси Марковиќ. Почивај во мир, прекрасна девојко“, напиша Донатела Версаче.
Марковиќ минатиот месец на социјалните мрежи ја сподели веста дека оди на операција на почетокот на април. Тоа беше едно од нејзините последни јавни настапи.