Македонија
(Видео) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше помеѓу граѓаните на општина Арачиново.
Пред присутните, Пендаровски порача дека во досегашниот мандат покажал дека е претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа и дека така ќе продолжи и во следниот мандат.
„Никогаш не сум бил и не се кандидирам за претседател само на Македонците. Ќе бидам претседател на сите, како што бев глас на секој без оглед на етничка и каква било припадност. Промовирањето и претставувањето на сите граѓани на Македонија ќе биде приоритет и во наредните пет години“ порача Пендаровски.
Пендаровски посочи дека очекува голема поддршка на осми мај за државата да продолжи напред, како демократска, мултиетничка, прогресивна држава на рамноправни граѓани.

„Само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ, се друго е продавање на политичка магла и обиди за враќање во времињата на тензии, поделби и неизвесност. Македонија нема друга опција освен продолжување на преговорите за членство во ЕУ додека да станеме дел од големото европско семејство. На 8 мај сите заедно да гласаме за европска Македонија, тоа се гарантира само со заокружување на бројот 1“, посочи Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче: Нов фронт на СДСМ против корупцијата на власта
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата.Овој фронт како што кажа Филипче, подразбира две крупни иницијативи, кои означуваат нова етапа со борбата со криминалот, корупцијата, криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ.
Првата иницијатива се однесува на повикот до европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, бидејќи како што кажа Филипче, не може да се има доверба во институциите на власта коишто се се заштитници на криминалот.
„СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и тоа што е веќе јасно ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра“, рече Филипче.
Втората иницијатива се однесува на формираниот т.н антикорупциски тим на СДСМ кој е во рамките на програмата „Нова сила, а составен од советници, експерти во областа на правото и на финансиите.
„Антикорупцискиот тим е еден од столбовите на оваа нова програма. Ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентира во јавноста, ќе ги разоткриваат сите корупциски шеми на оваа криминална власт. Ќе поднесуваме соодветни пријави до национални и меѓународни институции“, рече Филипче.
Тој додаде дека ова е новата сила на СДСМ што ќе гради европски вредности во Европска Македонија.
„Во скоро време ќе објавиме и платформа на која што било кој граѓанин од било каде во државата, од било кое село, град, општина, регион, ќе може да пријавува вакви скандали. Да прикачува документи, да пријави корупција, да достави докази и материјали. И ова е нов фронт, фронт заедно со граѓаните во борба против корупцијата на оваа криминална и ненародна власт“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
Кривична против директорка на средно училиште во Делчево: набавила фалсификуван тест за познавање аглиски јазик од Бугарија
СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавената, на 01.06.2023 набавила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија и на 29.06.2023 го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор на средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.
Врз основа на приложените документи, комисијата констатирала дека Д.Ц. ги исполнува условите предвидени во јавниот оглас, а по изготвениот записник бил доставен предлог до градоначалникот на општина Делчево таа да биде избрана за директор. Врз основа на доставениот предлог, на 12.07.2023 градоначалникот на општина Делчево изготвил решение со кое пријавената била избрана за директор на училиштето.
Македонија
„СДС со соопштението ‘Мицкоски најавува избори’, покажува дека се плаши од соочување со народот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС со ново соопштение, покажува дека се плаши од соочување со народот. Доколку СДС смета дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Доколку СДС смета дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија, не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори.
Во тотална безидејност, со лоши соопштенија кои вештачка интелигенција им ги пишува, бидејќи очигледно вистинска интелигенција и да немаат на Бихачка, тонат во жива кал.
СДС треба да се реформира од луѓето кои им ја водат партијата, на чело со Филипче, а во сенка на Заев“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

