Македонија
(Видео) Пендаровски: Ако згрешиме на 8-ми следува режим број 2

Ако сега, на осми мај ја згрешиме работата во изборот, понатаму ќе направат режим број два и нема да имаме слобода на избор, години и години нанапред, порача вечерва во Куманово кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
Во одговор на прашање на граѓанин, Пендаровски истакна за тоа како ВМРО-ДПМНЕ организираше избори потсетувајќи на изборите од 2008 година кога таа партија убедливо победи, а правеше листи со имиња и презимиња на тогашните носители од опозиција.
„Во десетте години на Груевски ние немавме слободни избори, а народот не беше слободен да ја искаже својата волја. Од 1990 година сите избори кои ги организирала СДСМ како власт, биле фер и слободни, немало фалсификат, со нив, со ВМРО-ДПМНЕ тоа скоро секогаш е правило, освен со еден исклучок, како изборите 2002 година. Тоа се политички измамници, особено кога ќе им дојде крајот на мандатот, а уште немаат докрадено од народот“, порача Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце се чека околу 45 минути, зголемена фреквенција на возила поради летните одмори

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30-45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Викендов сончево време со услови за локален пороен дожд

Утре и во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, информира УХРМ.
В понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Извор: УХРМ
Македонија
Исчистен паркот спроти „Нова Македонија“

Денеска, во раните утрински часови во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и Министерството за внатрешни работи, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите.
Акцијата беше спроведена по теренска проценка и по пријава од страна на центарци, кои изразија сериозна загриженост за безбедноста и изгледот на просторот. Жителите пријавија случаи на нарушување на јавниот ред и мир, поставени шатори и физички пресметки, за кои постојат и видео-снимки кои се доставени до општината.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека јавните простори мора да се користат согласно нивната намена и ги охрабрува сите граѓани навремено да пријавуваат неправилности до надлежните служби.
„Притоа, се водевме и од социјалната димензија на проблемот – на терен беше затекнато и едно лице со посебни потреби, што дополнително ја нагласува потребата од институционална поддршка. Иако Министерството за социјална политика, демографија и млади не беше дел од денешната акција, сметаме дека е морално и неопходно да се вклучи во понатамошниот процес за да се обезбеди соодветна грижа за ранливите категории. Јавниот простор мора да остане чист, безбеден и достапен за сите“, изјави Герасимовски.