Македонија
Ковачевски: Ние сме вистинските социјалдемократи, ЗНАМ се лажни и измислени во Белата палата
Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија вечерва го одржа завршниот митинг во Скопје, непосредно пред изборите закажани за среда.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на присутните граѓани им порача дека двојните избори на 8-ми се последниот повик за Европа и од тоа, нема да се откажат.
„Исто како што не се откажавме изминативе седум години кога се соочивме со многу предизвици. Кога се боревме со сите кризи, со пандемијата, со инфлацијата, со енергетските проблеми! Знаете и самите дека имавме многу подеми и многу падови. Но, во ниту еден момент, ниту се откажавме, ниту се предадовме, ниту се повлековме. Бевме рамо до рамо со граѓаните“, изјави на митингот претседателот Ковачевски.
Ковачевски додава дека во време на СДСМ платите се золемиле за 120 отсто, а пензиите за 55 отсто, со антикризни мерки во висина од над 2,6 милијарди евра и 2,5 повеќе странски директни инвестиции со подобри платени работни места.
„И ова, не е мала работа. Многу поголеми и поразвиени земји од Македонија едвај излегуваа на крај со кризите, а ние единствени од цела Источна европа успеавме да го зголемиме животниот стандард на граѓаните. Тоа го потврди и реномиран виенски економски институт. И горди да бидете сите на тоа, затоа што сите вие дававте поддршка на тие политики кои ги водеше СДСМ, и коалиционите партнери од коалицијата з аевропска иднина. И бидете горди што покажавме на дело дека социјалдемократијата и СДСМ, беа оние кои ги заштитија граѓаните, кои буквално ја спасија земјата од колапс“, посочи Ковачевски на вечерашниот митинг.
Солидарноста, заедништвото, социјалната држава и правдата, потенцира претседателот Ковачевски, се оние кои помогнаа да се извлечеме од хаосот кои го носеа кризите, но и ни овозможија да одиме напред и да постигнеме одлични резултати.
„Бидете горди што покажавме јасно дека социјалдемократијата не е само идеологија на хартија, туку е единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет.
И денес имам уште една можност да порачам дека вистинските социјалдемократи се овде, тука на овој плоштад. Во моментов се и на плоштадот во Битола, не се вистински социјалдемократи оние лажните кои се ујдисаа со наследниците на Ванчо Михајлов и кои заедно со него планираат да им зададат удар на вистинските социјалдемократи. Ама овие социјалдемократи се направени и настанале 1943 година, а оние социјалдемократи оние кои лажно се претставуваат дека знаат што е социјалдемократија па затоа се крстиле веројтно и ЗНАМ тоа се лажни и измислени 2021 година, во Белата палата на 200 метри од тука. Бидете горди затоа и што СДСМ е единствената социјалдемократска опција, граѓанска партија, партија со традиција, партија која е длабоко вкоренета во историјата на Македонија.
Бидете горди и затоа што ние никогаш не сме се откажале кога требало да се донесат тешки одлуки за државата да оди напред. “, им порача Ковачевски на скопјани.
Тој ги наведе зачленувањето во Обединетите Нации, добивањето на кандидатски статус на Македонија за влез во Европската Унија и зачленувањето во НАТО како тешки, но исправни одлуки што се донесени во време кога СДСМ била на власт и порача дека исто така СДСМ заедно со граѓаните, ќе ја внесе земјата и во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник
Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
Македонија
Демант на Министерството за социјална политика, демографија и млади во врска со ЈУМЦСР Тетово
Министерството за социјална политика, демографија и млади најостро ги демантира наводите изнесени во јавноста за наводно непостапување по случајот во ЈУМЦСР Тетово.
„Ваквите обвинувања се целосно неосновани, неточни и спротивни на фактите.
Инспекторите од Инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади редовно вршат инспекциски надзори од сите видови (редовни, вонредни и контролни) во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, како субјект на инспекциски надзор.
Во рамки на овие надзори, меѓу другото, континуирано се врши инспекциски надзор над постапките за остварување на правата од парични давања, и тоа: правото на гарантирана минимална помош, правото на социјална сигурност за старите лица и правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице.
Во спроведените инспекциски надзори (редовни, вонредни и контролни) континуирано се изрекуваат соодветни инспекциски мерки со цел отстранување на констатираните неправилности. По исцрпување на инспекциските мерки, согласно законските одредби, се преземаат мерки за утврдување одговорност и поведување соодветни постапки против сторителите на утврдените повреди, вклучително и поднесување соодветни пријави до надлежните органи. Притоа, поголем дел од кривичните постапки што се водат пред Јавното обвинителство се иницирани од инспекторите од Инспекциската служба при Министерството, самостојно или во соработка со Јавното обвинителство.
Во однос на постапките за остварување на наведените права од социјална заштита, инспекторите за социјална заштита од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштитата на децата, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, во текот на 2024 година спроведоа два (2) вонредни инспекциски надзори по поднесени иницијативи од граѓани и шест (6) контролни надзори за следење на спроведувањето на инспекциските мерки изречени со решенија од 2023 година, при што беа утврдени неправилности во 76 предмети. Во 2024 година беа донесени и решенија со кои се изречени инспекциски мерки за уште седум (7) предмети.
Во текот на 2025 година е спроведен еден (1) редовен инспекциски надзор со утврдени неправилности во шест (6) предмети, еден (1) вонреден надзор со утврдени неправилности во пет (5) предмети, како и шест (6) контролни надзори со кои е вршен надзор над спроведувањето на инспекциските мерки изречени со решенија донесени во 2024 и 2025 година.
Во рамки на сите спроведени инспекциски надзори утврдени се неправилности во вкупно 94 предмети. Согласно спроведените контролни надзори, констатираните неправилности се отстранети во 88 предмети, по што инспекциската постапка е запрена. Исклучок претставува еден надзор спроведен во 2025 година, во кој се утврдени неправилности во шест (6) предмети, за кои контролниот надзор ќе се спроведе по истекот на рокот утврден за спроведување на инспекциските мерки.
Важно е да се напомене дека во случаи кога инспекторите ќе констатираат неоснована исплата на средства, ги известуваат/задолжуваат надлежните институции, да постапат согласно законските прописи, како и да се преземат мерки за утврдување индивидуална одговорност и поведување соодветни дисциплински, прекршочни или кривични постапки против одговорните лица, во согласност со важечката законска регулатива“, се вели во демантот.
Македонија
(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, од позиција на власт, вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат сопствената болница.
Стојаноски се повика на интервју на Митрев во кое докторот раскажа дека Филипче и Заев му се заканувале, а институциите ја блокирале неговата лична сметка, како и сметката на болницата. Дополнително, како што наведе, била изречена и забрана за продажба на болницата, која, според сведоштвото, била укината веднаш штом политичарите изразиле интерес за откуп.
„По само една недела, ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно?“ – праша Стојаноски.
Тој исто така, повикувајќи се на интервјуто, рече дека Филипче и Заев сакале да ја купат болницата по цена далеку пониска од реалната, нарекувајќи го ова уште еден пример за злоупотреба на моќта во време на здравствена криза.
„Додека луѓе умираа секојдневно од КОВИД, тие се занимавале со сценарија за одземање болници“, изјави Стојаноски.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот и неселективно да постапи.

