Црна хроника
Тешко повреден малолетник од Велес, во него удрил „ситроен“

Вчера во 21.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата Благој Ѓорев во Велес, патничко возило „ситроен“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната М. Р. од Велес, удрило во малолетен пешак, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во Општата болница во Велес“, соопшти МВР.
По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Судир меѓу „сузуки марути“ и „ауди“: тешко повредена жена од Струга

Вчера околу 19:55 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2, пред кружен тек, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки марути“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(73) од Струга и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „марути“, Т.П.(76) од Струга, констатирани во Медицински центар Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Скопје: три лица со повреди пренесени во болница

Вчера околу 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „11 Октомври“ со улицата „Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(64) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(53) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сузуки“, С.П.(73) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Од заталкани куршуми оштетени две возила на различни локации во Скопје

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, 49-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека во периодот од 13:30 до 15:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „форд“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Исто така вчера, во 16:15 часот во СВР Скопје, 40-годишниот Ј.Ј. од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Полицијата работи на расчистување на случаите.