Македонија
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, предводеше делегација составена од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска, заедно со претставници од единиците при Оддел за специјални полициски операции, како и раководството на СВР Куманово, при што положија цвеќе пред спомен обележјето пред СВР Куманово, по повод 9 години од вооружениот судир помеѓу македонската полиција и терористичка групација во кумановско Диво Насеље. Бојмацалиев на социјалните мрежи напиша:
„Утрото на 9 мај 2015 година ние кумановци се разбудивме со звуци од бомби, пукотници и растревожени лелеци од сограѓаните… Диво насеље гореше, и за брзо се прошири веста за загинатите колеги, припадници на македонската полиција, во вооружен судир со терористичка групација. Најскапоценото, својот живот во одбрана на Македонија, го дадоа припадниците на специјалните единици на македонската полиција. Со длабока почит предводев делегација од МВР, составена од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска, заедно со претставници од единиците при Оддел за специјални полициски операции, како и раководството на СВР Куманово, положивме цвеќе пред спомен обележјето пред СВР Куманово.
Жарко Кузмановски
Ненад Серафимовски
Сашо Самојловски
Бобан Ивановиќ
Горан Илијевски
Исамедин Османи
Љубиша Аранѓеловиќ
Горан Стојменовиќ
Нека им е вечна слава! Никогаш да не се заборави!”, напиша Бојмацалиев на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

