Контакт

Македонија

Честитки за победата на Силјановска-Давкова пристигнуваат од региониот и Европа

Објавено пред

Честитки за победата до професорката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска упати претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар која го напиша следново: „Честитки професорке Гордана Сиљановска-Давкова на Вашиот избор за прва жена претседателка на Република Македонија, наш пријател и НАТО сојузник. Во духот на Денот на Европа, очекувам заедно да работиме во градењето на европската иднина за вашата земја, народот и целиот Западен Балкан.“

dobivaj vesti na viber

Во одговорот на честитката, професроката Гордана Сиљановска-Давкова ги упати следните зборови: „Драга Наташа, благодарам на честитките и пријателската поддршка. Секогаш особено ми значи женската солидарност. Радува фактот што како жени имаме можност заедно да градиме нова перспектива за нашиот регион. Продолжуваме кон пријателска и уште поголема соработка со Словенија. Денес, славејќи го Денот на Европа, се повикуваме на европските цивилизациски вредности кои се дел од културата нашите две земји и во таа насока истакнувам дека безрезрвно ќе се залагам тие вредности заедно да ги споделуваме и во иднина кога Македонија ќе стане дел од ЕУ“.

Честитка по повод победата на изборите до професорката Гордана Сиљановска-Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше упатена и од заменик претседателот на пратеничката група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул во која тој ја потенцира убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Имено во честитката е наведено: „Убедлива победа на нашата сестринска партија од семејството на ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ и нашите македонски пријатели. Од се срце и честитам на новата претседателка, професорката Гордана Сиљановска-Давкова и на лидерот Христијан Мицкоски за нивните победи. Заедно ќе продолжиме да маршираме на патот кон стабилноста и просперитетот на Зaпаден Балкан и брзиот пристап кон ЕУ“.

Професорката Гордана Сиљановска-Давкова упати благодарност на честитката во која истакна: „Почитуван господин Вадефул, ајде да ги продолжиме нашите разговори и да овозможиме брз влез на Македонија и на целиот Западен Балкан во ЕУ, како единствен начин за траен мир, стабилност и просперитет во целиот регион.“

Со честитка се огласи и претседателката на Република Косово, Вјоса Османи која меѓудругото истакна: „Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија, како и на нејзиниот избор за прва жена претседателка на државата. Косово и Македонија негуваат одлични соседски односи и споделуваат силна посветеност кон евро-атланаската интеграција. Очекувам соработка со претседателката во насока на остварување на заедничката цел и понатамошно продлабочување на косовско-македонските односи.“

Со одговор на честитката се јави и професорката Гордана Сиљановска-Давкова која напиша: „Почитувана Вјоса, ме радува Вашата искрена честитка. Среќна сум поради фактот дека жените во нашиот регион испишуваат политичка историја застанувајќи храбро на клучни позиции. Очекувам и понатаму да продолжиме со соработката за конечно да ја постигнеме клучната стратешка цел, евроинтеграција на целиот регион, како и да ги зацврстиме нашите односи преку една „женска“ синергија.“

Честитки по повод победата беа упатени и од страна на претседателот на Република Латвија, Едгар Ринкевич. Во неговата честитка се вели: „Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот избор за претседателка на Македонија. Со задовлство очекувам да продолжиме со развој на соработката помеѓу нашите две земји.“

Во одговорот на честитката, професорката Сиљановска-Давкова наведе: „Ви благодарам многу претседателе Ринкевич. Ајде зедно да работиме за зацврстување на македонско-латвиската соработка во НАТО и на заокружување на европската интеграција“.

Со своја честитка се огласи и претседалот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ кој наведе: „Честитки до првата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова на изборната победа. Пријателските односи помеѓу Македонија и Црна Гора се темелат на меѓусебната довера на нашите два народи. Со желба успешно да ја извршувате функцијата на претседател, се радувам на заедничката соработка на зацврствување на добрососедските односи и европската перспектива на целиот регион.“

Благодарност за честитката упати професорката Гордана Сиљановска-Давкова истакнувајќи: „Почитуван претседателе Милатовиќ, македонско-црногорските односи се редок пример на совршена соработка меѓу два балкански народи. Регионалната кооперација е еден од столбовите на мојата програма и се надевам дека заедно ќе го довршиме патот на нашите држави кон ЕУ.“

До професорката Гордана Сиљановска-Давкова пристигнаа честитки и од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој наведе: „Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор за прва жена претседател на Македонија. Уверен сум дека заедно ќе продолжиме да ги јакнеме нашите одлични односи помеѓу нашите пријателски земји, двете како членки на НАТО и идни членки на ЕУ, идеја на која останува посветена и албанската заедница во Македонија.“

Во одговор на честитката, професорката Сиљановска-Давкова истакна: „Почитуван претседателе Бегај, клучот за европската интеграција на Балканот се наоѓа во развојот на нашата регионална соработка. Ве повикувам заедно да работиме на унапредувањето на македонско-албанските односи, како и на нашата европска интеграција.“

Честитки на македонски, албански и англиски јазик упати и поранешниот претседател на Република Албанија, Илир Мета. Во неговите честитки стои: „Изразувам најсрдечни честитки до госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова по повод нејзиното успешно преземање на високата функција како прва жена претседателка избрана во Македонија. Со голема доверба верувам дека таа ќе одигра значајна улога во продлабочувањето на веќе одличните соседски односи помеѓу нашите две земји и народи, како и во унапредувањето на меѓуетничкиот соживот во Македонија. Уверен сум дека претседателката ќе придонесе кон импулс на билатералните односи во насока кон заедничките аспирации за што поскоро интегрирање во Европската Унија.“

Благодарност за честитките упати и професорката Гордана Сиљановска-Давкова, во нејзиниот одговор е наведено: „Почитуван претседателе Мета, Ви благодарам на честитките и на Вашите искрени напори за подобрување на македонско-албанските односи. Очекувам дека со истиот силен ентузијазам ќе го продолжиме и чекорењето на нашите две држави кон целосната европска интеграција.“

На социјалната мрежа Х, честитки по повод победата на претседателските избори до проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, упати амбасадорката на Соединетите Америкнски Држави во Република Македонија, Анџела Агелер.

Во честитката на Агелер стои: „Моите срдечни честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседателка на Македонија. Честитки и сите граѓани кои го искористија нивното право на глас вчера, на претседателските и парламентарните избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евро-атланска интеграција на државата.“

Благодарност за честитката упати професорката Гордана Сиљановска-Давкова истакнувајќи: „Почитувана амбасадорке Агелер, Ви благодарам на честитките. Очекувам да го обновиме духот на македонско-американските односи, да ја прошириме рамката на нашето стратегиско партнерство и соработка, како и евро-атланската димензија, така и билатерално.“

Честитка на македонски јазик упати и амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Метју Лосон во која се истакнува: „Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова, првата избрана жена претседател на Македонија. Продолжуваме да ги зацврстуваме британско-македонските односи, да ги зближуваме нашите култури и народи и да работиме заедно како блиски сојузници и партнери во НАТО“.

По повод честитката се огласи и професорката Гордана Сиљановска-Давкова која напиша: „Почитуван амбасадоре, дозволете ми да ја изразам мојата благодарност за Вашите убави зборови, посебно додека ги читам на мојот мајчин јазик. Очекувам да го продолжиме патот на јакнење на македонско-британските односи и нашиот сојуз во рамките на НАТО!“

Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова пристигнаа и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во нив се вели: „Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ја честита победата на претседателските избори на професорката Гордана Сиљановска-Давкова! Се радуваме на идната блиска соработка во иднина.“

Во одговорот на честитката професорката Гордана Сиљновска-Давкова наведе: „ОБСЕ беше секогаш составен дел од на приказната на македонската демократизација, работејќи со нашите институции за подобрување на владеењето на правото, правата на малцинствата, полициската реформа, инклузивното образование и другите клучни реформски процеси. Продолжуваме.“

Честитки за изборната победа упати и Постојаниот координатор на ООН во Македонија, Росана Дуџак: „Честитки за Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот избор за претседателка на Македонија. Обединетите Нации со задоволство очекуваат продолжување на соработката за унапредување на човековите права, родовата еднаквост и одржливиот развој под Ваше лидерство.“

Професорката Гордана Сиљановска-Давкова се одговори на честитката потенцирајќи: „Драга Росана, благодарам на Вашите честитки. Мојата програма има силен фокус на продлабочување на македонската димензија во сите мултилатерални форуми и агендата на ООН во однос човековите права, родовата еднаквост и одржливиот развој, како на локално, така и на глобално ниво.“

Со своја честитка се огласи и поранешниот министер и пратеник во Парламентот на Република Албанија, Генц Поло. Во неговата честитка стои: „Честитки за професорката Гордана Сиљановска-Давкова на нејзината убедлива изборна победа во вториот круг. Посакувам нејзиното водство на народот да биде кон домашна и меѓународна хармонија.“

Во својот одговор професорката Гордана Сиљановска-Давкова наведе: „Почитуван господине Генц Поло, Ви благодарам за охрабрувачките пораки и се надевам декаи натаму ќе работиме на неопходните реформи за европската интеграција на нашите држави.“

Честитки за професорката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, стигнуваат и од организациите во кои членува партијата, а кои се во фокус на поддршка за идното владеење.

Интересно е што професорката Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит кон сите што упатија свои честитки одговарајќи на нивните јазици покрај одговорите на англиски јазик.

Македонија

Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде

Објавено пред

Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.

dobivaj vesti na viber

Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.

„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.

Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје

Објавено пред

Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.

dobivaj vesti na viber

„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во

Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија7 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија7 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија9 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија9 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет10 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет10 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија13 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија14 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија1 ден

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија1 ден

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија1 ден

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија1 ден

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...