Култура
Ара Маликијан во Скопје – концерт на светски познатиот виртуоз на виолина на 18 октомври во Македонската филхармонија

На 18-ти октомври во Скопје, со почеток од 21 часот, на сцената во „Македонска филхармонија“ ќе настапи еден од најуникатните и најизразени виолинисти на неговата генерација, светски познатиот Ара Маликиан.
Уметничкиот стил на свирење на виолина, неговото богато музичко искуство, како и иновативниот пристап, станаа посебен бренд на светската музичка сцена.
Концертот на Ара Маликиан во „Македонска филхармонија“, ќе ја одведе публиката низ различни музички стилови, бидејќи Ара во својот репертоар освен неговите, вклучува и дела од широк спектар на музичари, почнувајќи од Дејвид Боуви, Јохан Себастијан Бах, па се до Лед Цепелин и Николо Паганини.
Харизматичната личност и феноменалната енергија, му донесоа безброј награди, правејќи го неверојатно баран музичар. Во текот на својата кариера имал концерти во сите држави во светот, свој концерт одржал и на стадионот Сантјаго Бернабеу, а настапувал со повеќе од 40 светски познати уметници и ансамбли, меѓу кои Стинг, Лондонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар од Цирих, Московски виртуози, симфонискиот оркестар на Токио и други.
Ара Маликиан е познат либански виолинист кој својата кариера како музичар ја започнал на многу млада возраст, во средината на либанската граѓанска војна. Често знае да каже дека нашол засолниште преку својата виолина и токму тоа му помогнало да избега од ужасите на војната. Сега на возраст од 50 години, тој го оформи својот пат како виртуоз, кој успеа да ги спои своите корени од Блискиот Исток со разни други жанрови, од фламенко и самба, па се до класичен рок.
Вели дека ако имаш добра приказна, тогаш треба да се раскаже. Живеел како номад долг период од својот живот. На 14 годишна возраст морал да го напушти родното место поради војна, а веќе следната година добил стипендија за студии во Германија, извесен период живеел во Англија и Франција, за кончено да се пресели во Шпанија кон крајот на 1998 година.
Покрај овој магичен опис, Маликиан сака да се поврзе со својата публика. Знае да каже дека она што денес го прави, не е ниту за телевизиите, ниту пак за менаџерите. Тоа е за публиката, која не бара совршенство, туку да слуша композиција која звучи исто како што звучела пред 300 години. Затоа што публиката сака да биде трогната.
А македонската публика со сигурност ќе биде трогната на 18-ти октомври, кога на сцената во „Македонска филхармонија“ ќе застане виртуозот на виолина Ара Маликиан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.