Свет
(Видео) Највисока тревога поради вулкан: серија ерупции на островот во Индонезија
Индонезиските власти прогласија највисоко, четврто ниво на тревога во провинцијата Северен Малуку, по серијата ерупции на вулканот Ибу.
Вулканот Ибу, кој се наоѓа на оддалечениот остров Халмахера во источна Индонезија, еруптира првпат на 11 мај исфрлајќи колона од вулканска пепел висока 5.000 метри, според агенцијата ВНА, додавајќи дека значително зголемување на вулканската активност е снимено од средината на април.
На жителите што живеат во близина на Ибу и на туристите им беше препорачано да останат на безбедно растојание од четири до седум километри од вулканот и да носат маски за лице во случај на ерупција на пепел. Индонезија, архипелаг, дом на 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани.
Индонезија е склона кон вулканска активност бидејќи се наоѓа покрај Огнениот прстен, серија сеизмички раседи во облик на потковица околу Тихиот Океан. Ибу е еден од најактивните вулкани во Индонезија, кој еруптира повеќе од 21.000 пати во 2023 година.
Според официјалните податоци од 2022 година, на островот Халмахера живеат повеќе од 700.000 луѓе. Во април, вулканот Руанг во провинцијата Северен Сулавеси еруптира неколкупати принудувајќи повеќе од 12.000 жители да се евакуираат на блиските острови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

