Црна хроника
Момче нападнато од врсници на Бит Пазар, девојче во Аеродром – нови случаи на малолетничко насилство
Две деца во одделни случаи во Скопје, во текот на вчерашниот ден биле нападнати од малолетници.
Во првиот случај, малолетно момче било нападнато на Бит Пазар од страна на неколку врсници кои употребите и тврд предмет.
Синоќа, во Аеродром било физички нападнато и девојче од страна на неколку малолетнички, по претходна расправија.
Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромотирачки видеа, полицијата го уапси
Во скопската населба Ченто приведен е А.О. (23) поради уцена.
Имено, на 25 јуни, 20-годишна девојка пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.
„На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода“, објави МВР.
Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.
Црна хроника
Приведен скопјанец кој укрaл златно синџирче од жена во Карпош
Полицијата го приведе Л.А.(31) од Скопје поради тоа што на подрачјето на Карпош, со употреба на физичка сила, од 64- годишна скопјанка одзел златно ланче што го носела на себе.
Од страна на ЕВР Карпош поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.
Црна хроника
Уапсени две лица, пронајдена дрога
Вчера во 10.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија.
При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде била затекната Ќ.А., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.