Забава
77-годишниот актер од „Игра на тронови“ фотографиран на нудистичка плажа со својата девојка
Актерот Чарлс Денс има одиграно многубројни важни улоги, а на светската публика ѝ е најпознат како Тајвин Ланистер од серијата „Игра на тронови“.
Неговиот турбулентен љубовен живот често привлекува внимание, а веќе некое време е во врска со сликарката и филмска продуцентка, 55-годишната Алесандра Алма Маси, која е 22 години помлада од него. Ја запознал на снимањето на филмот The Book of Vision, а папараците неколкупати ги фотографирале како уживаат заедно.
Тие сега беа фотографирани од папараците на нудистичка плажа во Шпанија, а овие фотографии го обиколија светот.
Чарлс со години беше во брак со скулпторката Џоан Хајторн, со која има две деца, синот Оливер и ќерката Ребека.
Тој и Џоан се венчаа во 1970 година, а се разведоа во 2004 година поради неговото неверство. Тој сега истакна дека му е жал што ја изневерил сопругата.
„Паднав на искушението и мојот брак заврши поради моето однесување“, рече еднаш актерот.
Уште пред разводот го поврзуваа со Емилија Фокс, а подоцна се забавуваше со 33 години помладата колешка Софија Мајлс.
Двајцата беа во врска две години, од 2003 до 2005 година.
Денс беше во врска и со 26 години помлада манекенка и 25 години помлада сликарка, Елинор Бурман, со која беше од 2008 до 2012 година, а ја имаат ќерката Роуз.
Фотографиите на ЛИНКОТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“
Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.
Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.
Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

