Забава
Хороскопски знаци кои се љубоморни на своите браќа и сестри

Не, ова не е класичното благо ривалство помеѓу браќата и сестрите. Знаците кои се љубоморни на своите блиски можат да одат чекор понатаму.
Дури и кога се млади, овие хороскопски знаци се однесуваат прилично лошо со своите браќа и сестри. Тие се љубоморни, конкурентни и бараат внимание од родителите само за нив. Нивните родители секојдневно мораат да се справуваат со расправии и викање низ дома, а често има моменти кога мораат да носат и мировен шлем.
Хороскопски знаци кои се љубоморни на своите блиски
Овен
Ако Овенот е првото дете во семејството, тогаш проблемот е уште поголем. Тие ги гледаат своите браќа и сестри како закана и конкуренција. Претставниците на овој знак се многу себични и сакаат се да биде нивно. Не знаат да ги споделат работите и доколку нивните помлади роднини не се послушни, тоа ќе биде голем проблем што ќе треба да го решат на свој начин. Што секако нема да биде одлично решение.
Шкорпија
Шкорпиите се многу љубоморни и посесивни. Сакаат се за себе. Поточно, тие сакаат се или ништо. Ќе направат се за да земат се од нивните браќа и сестри затоа што се разбира, тоа (што и да е) им припаѓа само нив. Ќе станат злобни и ќе им постават стапица на своите роднини. Тие се посесивни дури и кога се во прашање нивните родители и веруваат дека му припаѓаат нему и не сакаат да ги делат со никого.
Бик
Биковите функционираат на сличен начин како и Шкорпиите. Тие се и многу посесивни и љубоморни и сакаат се за себе. Ним им треба целото внимание, без разлика дали се работи за игра, музичка изведба или само соба во куќата. Тоа е доволно само за нив и ништо друго не им треба.
Лав
Иако се на крај, немојте да мислите дека тие се помалку конкурентни или љубоморни од другите знаци. Особено, ако се првородени. Тогаш тие се за нијанса позлобни кон своите роднини. Тоа е затоа што чувствува дека неговиот престол е дома. Зошто дојдовте во семејството и зошто сите одеднаш се загрижени за вас? Ова е особено проблематично ако другото дете се гледа како слатко и привлекува внимание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Сега е непрепознатлива, послаба и поубава од кога било: се сеќавате ли како изгледаше?

На свадбата на Селена Гомез и Бени Бланко, одржана во интимна атмосфера во Санта Барбара, меѓу гостите беше и светската музичка ѕвезда, пејачката Адел, која многумина дури и не ја препознаа на почетокот поради нејзиниот сосема поинаков изглед.
ADELE pic.twitter.com/OHHMT9nSoz
— Adele Stats (@StatsAdele) September 28, 2025
Фотографии од популарната пејачка се појавија на социјалните мрежи, а Адел изгледа послабо и поубаво од кога било досега. За оваа свечена пригода таа избра елегантен црн фустан, а обожавателите не штедеа зборови кога ѝ даваа комплименти за нејзината нова фигура.
Како што е познато, Адел направи долга пауза и неодамна ѝ се врати на музиката, а нејзиниот последен настап беше во ноември 2024 година.
Медиумите исто така пишуваат дека таа набргу ќе се врати во студиото за да почне да работи на нов албум, а потоа ќе планира светска турнеја.
Исто така, постојат шпекулации дека таа е во преговори за настап на Супербоул, иако ја одбила можноста пред десет години наведувајќи дека „шоуто не е за музика, а таа не танцува или нешто слично“. Сепак, засега ова се само шпекулации, а потврдено е дека главната ѕвезда на полувремето на Супербоул 2026 ќе биде Бед Бани, порторикански рапер и пејач, кој освоил неколку Греми-награди.
Додека не видиме дали Адел ќе блесне на Супербоул и ќе ја изненади публиката, да се потсетиме на некои од нејзините претходни изданија, кои ја потврдуваат нејзината огромна физичка трансформација.
Адел во 2008 година
Адел во 2012 година
Адел во 2013 година
Адел во 2016 година
Адел во 2022 година
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Памела Андерсон повеќе не е русокоса

Памела Андерсон долго време е една од најпознатите русокоси во светот. Од почетокот на нејзината кариера и улогите како Си-Џеј Паркер во „Baywatch“, навикнавме да ја гледаме во препознатливи нијанси на руса боја – од шампањ и платина до медени тонови.
Но, се чини дека таа ера заврши, бидејќи познатата актерка сега се обои во црвено.
Новата боја на косата, во комбинација со полежерна фризура, е само дел од постојано еволуирачкиот пристап на Андерсон кон убавината во последните години. Сè започна во 2023 година, кога актерката се појави на Неделата на модата во Париз без ни малку шминка, неочекувано контроверзен потег.
„Само си помислив, го правам ова за сите девојки и ова е за нив. Во денешно време, дали воопшто знаеме како изгледа едно лице? Ова е тоа“, рече Памела во тоа време. Таа претходно изјави за Elle дека престанала да носи шминка откако нејзината долгогодишна шминкерка и пријателка Алексис Вогел почина од рак на дојка во 2019 година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Поранешната прва дама верна: „Ќе ги поместам и небото и земјата, ќе доаѓам во затвор секој ден“

Поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни, дефинитивно, е позната како посветена сопруга бидејќи најави дека секој ден ќе го посетува својот сопруг Никола Саркози, кој неодамна беше осуден на пет години затвор.
Ова го вели Бесма Лахори, биографката на Карла Бруни, која самата нагласи дека Карла е исклучително посветена сопруга и дека ќе направи сè за да се осигури дека поранешниот француски претседател ќе биде ослободен што е можно побргу. Таа е дури и подготвена, доколку е потребно, да помести и небо и земја, тврди таа.
Саркози беше прогласен за виновен за криминален заговор за примање нелегални средства од Моамер Гадафи и беше осуден на пет години затвор.
Се очекува тој да ја издржи казната во затворот „Ла Санте“ во Париз почнувајќи од октомври, во ќелија од 12 квадратни метри.
Карла Бруни и Никола Саркози се во брак од 2008 година, а се запознале една година претходно, кратко откога Саркози се разведе од политичарката Сесилија Атијас, со која има син Луј. Тоа беше љубов на прв поглед, а заедничките пријатели им го договорија нивниот состанок.
Тие ја имаат ќерката Џулија, а поранешната прва дама има син, Орелиен, од врската со радиоводителот Рафаел Ентовен. Таа беше модел и пејачка, потоа прва дама на Франција, а беше поврзана и со Доналд Трамп, иако го негира тоа.
Поради нејзиниот скандалозен живот, проблеми со пороците, но и промени во изгледот, таа беше предмет на јавен интерес и се сметаше за недостојна за титулата прва дама, а нејзината љубовна приказна со Саркози е една од најследените на светската сцена.
фото: принтскрин