Регион
Возачот на автомобилот, најверојатно, влегол во погрешна лента, објави Дачиќ по тешката несреќа во Младеновац
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, зборуваше за тешката сообраќајна несреќа, во која беа повредени 37 лица, а се случи утринава во Младеновац и изјави дека уште еднаш апелира до учесниците во сообраќајот да бидат многу внимателни. Тој додаде дека постојат можности возачот на спортското возило да е виновен за несреќата и дека, најверојатно, влегол во погрешна лента.
Дачиќ рече дека постои сомневање оти возачот директно удрил во автобусот во Младеновац.
„Уште еднаш би сакал да апелирам до сите учесници во сообраќајот навистина да бидат многу, многу внимателни. И, еве, според пријавите што ги добив од сообраќајната полиција, сè уште се врши истрага, но се чини дека за несреќата, всушност, е виновен возачот на спортскиот автомобил и што свртел на погрешна лента и удрил во автобусот директно, лента што оди во спротивната насока“, рече министерот.
Додаде дека ова се моментите информации што ги добил од полицијата, но истрагата е во тек.
„Но уште еднаш велам, јас секогаш кога ви давам информации, морам да кажам дека тоа е информација што сега ја добивам од полицијата, дали истрагата ќе покаже така или не, не знам“, додаде тој.
Дачиќ изјави дека на патиштата во Србија веќе неколку дена се спроведува зголемена контрола на сообраќајот.
Тешката сообраќајна несреќа се случи утринава кај Младеновац, возачот на автомобилот загина на самото место, а 37 лица се повредени. Директниот судир се случил утрово во 5.40 часот.
Предниот дел од автобусот, како и патничкото возило, биле целосно згмечени, а делови биле расфрлани на целиот коловоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“
Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.
Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.
Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.
Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.
Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.
Регион
Грција затвора 204 пошти
Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.
Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.
Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.
Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.
Регион
Мајка на момче кое пред година загина на железничката во Нови Сад најави штрајк со глад
Мајката на Стефан Хрка (27), кој пред една година загина во трагедијата при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најави дека од утре ќе започне штрајк со глад.
На денешниот комеморативен собир во Нови Сад, Дијана Хрка им се обрати на присутните со емотивен говор, истакнувајќи дека не се откажува од борбата за правда и одговорност за загинатите.
„Ова е мојата борба што морам да ја доведам до крај. Благодарам на студентите што ме одржуваат во живот, на сите луѓе што се со мене. Денес Нови Сад плаче, но јас се борам за тоа никогаш повеќе ниту една мајка да не заплаче,“ изјави Хрка, пренесува Индекс.
Таа додаде дека ќе продолжи да се бори самостојно и дека ќе штрајкува со глад пред Градското собрание во Нови Сад.
„Сакам да знам кој го уби моето дете и кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова,“ порача Хрка.
Трагедијата се случи пред една година, кога при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, меѓу кои и нејзиниот син Стефан. Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.

