Македонија
Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот
Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и непристрасност на судот и не потклекнавме под еден од најспецифичничните предизвици што ги памети историјата на Уставниот суд, а тоа е 17 месеци функционирање на работ на кворумот со само пет судии, а потоа и без една третина од судиите. Ова го истакна претседателката на Уставниот суд во заминување, Добрила Кацарска.
До идниот претседател и граѓаните порача дека треба да бидат комотни бидејќи нема натрупани или заостанати предмети.
„Очекувам судот и натаму да биде ажурен, да се постапува по сите предмети, да продолжи таму каде што застанав јас“, одговори Кацарска на прашања за очекувањата од нејзиниот наследник.
Во отчетот за сработеното Кацарска рече дека судот по 32 години, донел современ акт, кој ја регулира нивната работа.
Во таа насока Уставниот суд ќе им овозможи на правните лица и на странските државјани да поднесат барање за заштита на нивните слободи и права – право што досега го имале само поединци. Понатаму, народниот правобранител ќе може да поднесува барања за заштита на слободите и правата во име на оние граѓани што не може тоа да го сторат. Овој нов акт, вели Кацарска, предвидува и т.н. контролни механизми за судиите и претседателите да не може да чуваат предмети во фиока со години, што, за жал, беше случај во минатото. Се предвидува рок од 6 медсеци за судиите да го завршат предметот. Уставниот суд, кога ќе ги добие готовите предмети, не смее да ги чува подолго од еден месец и во тој период мора да ги стави на дневен ред, појасни Кацарска.
Додаде и дека е намален бројот на стари предмети од кои некои се чувале и десетина години. Има раст на укинати или поништени акти, што во минатото ретко се случувало.
„Има 78 одлуки со кои се укинуваат закони и други акти и прописи што се донесени од разни собраниски состави, што говори за непристасноста“, рече Кацарска.
Нагласи и дека во моментот Уставниот суд работи со полн капацитет со 9 судии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

