Македонија
„Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, опасно по живот“, предупредува ЦУК
ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата „Рапид Билд ДОО“ дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година:
– на делницата од црквата св. Мина во Сопиште (км 17+401) до Полициска станица Глумово (км 28+400), од 30 мај до 12 јуни;
– на делницата од Полициска станица Глумово (км 28+400) до селото Паничари, општина Сарај, (км 37+400), од 7 јуни до 16 јуни и
– на делницата од селото Паничари, општина Сарај (км 37+400) до пред село Ларце, општина Желино (км 47+829), од 12 до 22 јуни годинава.
Во известувањето до ЦУК, „Рапид Билд“ известува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје – Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен.
Од страна на ЦУК дополнително се информирани МВР, ДЗС, ЈП Национални Шуми, ЈП за стопанисување со пасишта, Град Скопје и општините Сопиште, Карпош, Сарај, Желино, Тетово, Брвеница и Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Заробен возач во заглавен камион на патот меѓу Росоман и Прилеп
Преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Пријавителот побара интервенција на ТППЕ Кавадарци, бидејќи според него, како очевидец кажува дека возачот на камионот е заробен во камионот. Инаку, јавувачот беше известен дека ТППЕ Кавадарци имаат екипа подолу од нивната локација и дека веднаш ќе се упатат на местото.
Регионалниот ЦУК Велес го следи случајот и извести дека екипа од ТППЕ со 1 ПП возило и 2 пожарникари веќе се упатени на местото на настанот и кога ќе завршат со интервенцијата, дополнително ќе не известат“, информира Центарот за управување со кризи.
Македонија
ЦУК: Падна карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на касарната „Илинден“, во Скопје
Преку единственствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за падната карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје.
„Регионалниот ЦУК Скопје известува дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, по што ќе превземе мерки Градот преку своите служби“, соопштија од центарот.
Македонија
Наместо актери на сцената кофи, Драмски театар под вода, објави министерот за култура
Невремето кое го зафати скопскиот регион предизвика штети и во зградата на Драмскиот театар во Скопје.
Министерот за култура Зоран Љутков на социјалните мрежи објави дека дека денеска бил на увид.
„Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.
Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп“, пишува Љутков.
Додава дека седум годишната негрижа за Драмскиот театар не само што станала видлива, туку денеска како што вели, дождот го онеспособил да биде храм на уметноста.
„На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите.
Оваа Влада нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците“, вели тој.