Свет
Приказната за манекенката која тврдеше дека моќните јадат луѓе, па исчезна, повторно се актуелизира, објави „Дејли Мејл“
Сè започна со видеото од нејзиниот емотивен излив, кое брзо стана вирално, а подоцна дури и доведе до нејзино апсење.
Мексиканскиот супермодел Габриела Рико Хименез имаше 21 година кога исчезна во 2009 година, откако јавно упати обвинувања за моќни луѓе. Нејзиното исчезнување е обвиткано со мистерија, а сега случајот повторно „оживеа“ во подкастот „Mexico Unexplained“.
Сè започна со видеото од нејзиниот емотивен излив што брзо стана вирално, а подоцна доведе до нејзино апсење. Споменатиот инцидент се случил пред луксузен хотел во мексиканскиот град Монтереј Нуево Леон по забава, а манекенката излегла со искината маица со натпис „јами јами“.
Габриела упати обвиненија против кралското семејство, како и еден од најбогатите и најмоќните луѓе во Мексико. Тврдела дека моќните луѓе јадат човечко месо, а набргу потоа била уапсена поради ширење теории на заговор и никогаш повеќе не била видена, пишува Дејли Мејл.
„Ја сакав мојата слобода”, извикува таа во видеото старо 15 години, кое го шокираше Мексико.
„Бев во Мексико Сити една година и четири месеци. Сето ова почна во средината на 2001 година, едвај се сеќавам“, продолжува таа на шпански и во видеото вели дека ја барала својата слобода и наведува дека ја држат против нејзина волја. Таа спомна убиство и канибализам, како и некои моќни имиња во Мексико.
„Тие беа млади и моќни и ги убија. Тропнав на вратата и се што сакав беше мојата слобода. Ја сакам мојата слобода. Карлос Слим Домит (син на сопственикот на Телмекс, телефонска компанија вредна повеќе милијарди долари со седиште во Мексико) ја сакам мојата слобода, ме боли што го однесоа“, вика таа видно потресена на видеото, пренесува „Дејли мејл“.
Во тој момент пристигнува полицијата и и ставаат лисици на рацете токму додека зборува дека луѓето јадат луѓе. Габриела исто така извикува „остави ме на мира“ додека полицијата се собира околу неа.
„Веќе ме одведоа во полициска станица, а таму ми рекоа дека не знаат ништо! Ме однесоа во Општа болница. Ти! продолжува да вика. Патем, „Мурињо“ на кој тој мисли беше Хуан Камило Мурињо Теразо, висок мексикански политичар поврзан со Националната акциона партија (ПАН). Тој загина во авионска несреќа во центарот на Мексико Сити во 2008 година. Тој беше министер за внатрешни работи во кабинетот на тогашниот претседател Фелипе Калдерон. Некои тврдеа дека авионот се урнал под мистериозни околности, при што загинале сите 9 лица во авионот, како и 7 други на земјата.
Се верува дека Габриела била одведена во затвор по апсењето, пред да биде сместена во психијатриски центар во Буенос Аирес, каде што останала на „неодредено време“. Од 2013 година нема нови информации за неа.
Многумина беа особено заинтригирани од нејзиното спомнување на Слим, кој сега има 84 години, кој стана најбогат човек на светот во 2010 година и ја имаше таа „титула“ до 2013 година. Неговото богатство се проценува на повеќе од 100 милијарди долари и тој сè уште останува најбогат човек во Мексико.
Слим го собрал своето богатство преку акции во голем број компании преку неговиот мексикански конгломерат. На функцијата претседател на истиот е неговиот споменат син Карлос. Се шпекулираше и дека еден од најмоќните мажи во Мексико е во врска со Хименез, но тоа никогаш не беше потврдено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британскиот парламентарен комитет: Не сме подготвени да се браниме од инвазија
Одборот за одбрана на Долниот дом на британскиот парламент заклучи дека лабуристичката влада многу бавно напредува во исполнувањето на своите обврски во областа на одбраната од обновени закани од Русија и Кина, објави денес британскиот „Телеграф“.
Во извештајот на Комитетот се наведува дека Лондон не ги исполнува своите обврски од член 3 од договорот на НАТО за „одржување и развој на индивидуални и колективни капацитети за спротивставување на вооружен напад“.
Комитетот, исто така, предупреди дека Велика Британија речиси и да нема интегрирани системи за противвоздушна и противракетна одбрана, како и дека нема план за одбрана на својата територија и прекуокеанските територии.
Фото: принтскрин
Европа
Фицо: Сакаме НАТО да ја зајакне воздушната одбрана во Словачка
Словачка сака НАТО да ја зајакне воздушната одбрана во земјата што е дел од нејзиното источно крило, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо по состанокот со генералниот секретар на воениот сојуз.
За време на разговорите во Братислава со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Фицо, исто така, ги бранеше плановите на Словачка да одлучи за темпото и структурата на трошоците за одбрана во наредните години, додека повеќето членки на НАТО ги зголемуваат таквите инвестиции.
Словачка се спротивстави на политиката на Европската Унија да ѝ помогне на Украина да се одбрани од руска инвазија во 2022 година, а Фицо на состанокот со Руте повтори дека неговата влада нема директно да испраќа смртоносно оружје во Киев, но ќе дозволи комерцијални договори.
„За време на разговорот, тој, исто така, побара од генералниот секретар да ја зајакне воздушната одбрана во Словачка“, се вели во соопштението на словачката влада по синоќешниот состанок, без да даде дополнителни детали.
Словачка во последните години се обидува да ги зајакне своите капацитети за воздушна одбрана, набавувајќи системи за воздушна одбрана од Израел и купувајќи нови борбени авиони Ф-16. Тоа е една од земјите-членки на ЕУ на источниот брег што во септември се согласи да изгради „ѕид од беспилотни летала“ со напредна технологија за детекција.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Ограбена златарница во БиХ: еден крадец пронајден мртов, бил фрлен од автомобил
Висниска драма се одвиваше утрово во центарот на Калесија, во близина на Тузла, каде што беше ограбена златарница. Еден од разбојниците беше пронајден мртов, а според неофицијални информации, неговото тело било фрлено од автомобилот од другите крадци додека бегале, како што потврди Кликс.ба.
Кратко потоа, полицијата го пронашла и запалениот автомобил користен во грабежот.
Сè започнало утрово околу 7:35 часот, кога во Оперативниот центар на Полициската управа на МУП на Тузланскиот кантон е пријавен грабеж со употреба на огнено оружје, пишува Кликс.
„На местото на настанот се испратени сите расположиви патроли на Полициската станица Калесија, Полициската станица Калесија ОКП, тимовите за брза интервенција на Специјалната полициска единица за поддршка, а полициските патроли на Полициската станица Сапна, Полициската станица Живинице и полицајци од Полициската станица Зворник се на терен (во поширокото подрачје), со оглед на тоа што сторителите се оддалечиле од местото на настанот“, соопшти Министерството за внатрешни на кантонот Тузла.
Во потрагата по разбојниците се вклучени и членови на Граничната полиција на БиХ и Министерството за внатрешни на Република Српска, со што е започната една од најобемните полициски операции во областа.
Целиот инцидент се случил во исклучително прометен дел од Калесија, во непосредна близина на основно и средно училиште, како и бројни ресторани и продавници. Пукањето предизвикало голема вознемиреност кај граѓаните, особено кај родителите и учениците кои во тој момент се упатувале кон училиштето.
Полицијата целосно го блокирала поширокото подрачје на центарот на градот, а истрагата е во тек. Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла соопшти дека засега, додека не заврши истрагата, не можат да потврдат дали имало пукање врз полицајци.
фото: принтскрин

