Црна хроника
Мотоцикл прегази скопјанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Водњанска“, улицата „Васил Ѓоргов“ и улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, мотоцикл „ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот, 60-годишната С.Ј. од Скопје, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен битолчанец за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци
Вчера, во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, на булеварот Ослободување во Кичево го приведоа Н. Н. (37) од Битола.
За него била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци за сторени повеќе кривични дела тешки кражби.
Н. Н. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа тројца скопјани
Вчера, во 17.15 часот, во Полициската станица Аеродром, В. В. (57) од Скопје пријавил дека на улицата Димитар Туриманџовски во Скопје бил каснат од куче скитник.
Подоцна, во 22.50 часот, во Полициската станица Гази Баба, Е. Б. (54) од Скопје, пријавила дека на улицата Финска во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 16.50 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, А. А. (31) од Скопје пријавил дека на улицата Шар Планина во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник по судир на четирицикл и автомобил
Во текот на вчерашниот ден во 18.38 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Трапчин Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат седичи“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(37) од с.Козица, кичевско, и четирицкл „поларис“, управуван од малолетник од с.Длабкин Дол, кичевско.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.