Забава
Младите за Маестро Кире Костов со Камерниот оркестар од Битола – на битолската сцена на 7 јуни
Настанот ќе биде одлична можност за промоција на македонското музичко наследство, низ модел адаптиран за сите генерациски структури, со цел зачувување и негување на автентичниот македонски мелос, низ интерпретација на младите изведувачи од земјава.
Во чест на богатото музичкото творештво на Маестро Кире Костов, на 7 јуни годинава ќе се одржи концертен настан во неговата родна Битола, во чии рамки 11 млади интерпретатори со битолскиот Камерен оркестар, ќе ги вратат на сцена безвременските хитови на легендарниот македонски композитор, инструменталист и диригент.
Музичкиот настан кој ќе се одржи во НУ „Центар за култура“ Битола со почеток во 20:00 часот, е увертира на проектот од национален интерес „Летај Галебе“. На битолската сцена, неделава, заедно со Камерниот оркестар од Битола, под диригентската палка на Владимир Димовски, ќе настапат: Мина Блажев, Барбара Поповиќ, Антониа Гиговска, Сефедин Бајрамов, Кики Мукаетова, Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Драгана Јовановска, Раде Врчаковски Врчак, Андреа Томовска и Владимир Костов, додека во улога на модератор на настанот, е актерот Петар Горко. Автентичниот вовед, пак, му е доверен на животниот другар и музички партнер на Кире во креирањето на најголемите македонски хитови, евергрини песништа… Проф. д-р Миодраг Врчаковски.
Во рамки на проектната платформа „Летај галебе“, во времетраење од јуни 2024 – април 2025, кон крајот на годинава е предвидена и пригодна промоција на книга – Омаж на ликот и делото на легендарниот композитор, а веќе следната година и гала-концерт на најеминентните изведувачи во земјава, со Моцартов состав, во Националната опера и балет.
Проектот „Летај галебе“ има за цел афирмација, но и заживување на некогашните богати музички вредности, чии високи стандарди се честа тема на дебата на актуелната културна сцена и кон чие достигнување се стремат и денешните музичари, уметници и творци во рамки на модерната и класичната музичка дејност.
Проектот претставува поттик на долг рок, да се врати балансот помеѓу современите и традиционалните музички вредности. Да им се даде мотив на искусните творци да ја продолжат мисијата на маестро Костов, но и да им се даде насока на младите музички работници, во која насока треба да се развива македонската музичка творба.
Иницијатор на проектната платформа „Летај Галебе“, е сопругата на Маестро Костов, г-ѓа Кармен Костова. „Летај галебе“ е обединување на македонската музичка сцена, преку вклучување еминентни индивидуални и институционални учесници, чиј досег ги надминува границите на моножанровски опфат и овозможува едно комплетно сценско доживување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Емина Јаховиќ ги расплака посетителите на нејзиниот концерт, а потоа му порача на Ковачевиќ: Ќе мораш да ми го кажеш тоа во лице
Пејачката Емина Јаховиќ синоќа, 18 ноември, го одржа својот втор концерт по ред во Сава Центар во Белград, на кој расплака многумина.
Најемотивниот момент од концертот беше кога Емина на сцената се сети на својот покоен колега Халид Бешлиќ.
Таа го отпеа неговиот хит „Први полљубац“, кој публиката го поздрави со аплауз, а многумина се расплакаа.
По концертот, Емина Јаховиќ даде изјава за медиумите, а новинарите ја прашаа за Саша Ковачевиќ, на што таа рече:
– Никогаш не сум имала ништо лошо во животот со ниту еден од моите колеги, никакви негативни вибрации. Моите колеги се мои пријатели пред сè. Саша и јас имаме безвременска песна. Напишав безвременска песна за нас двајца. Никогаш немавме никакви проблеми, никакви караници, кажување лоши работи еден на друг… – ја започна приказната Емина Јаховиќ, откривајќи дека го поканила на својот прв концерт, но дека тој одбил.
На прашањето што има да одговори на неговиот коментар „дека не е џентлеменски да каже што е проблемот“, Емина му порача дека ќе мора тоа да и го каже во лице.
фото: принтскрин
Забава
Саша Ковачевиќ ја откри вистината за односот со Емина: „Проблемот трае со години“
Поп-пејачот Саша Ковачевиќ не се појави на концертот на Емина Јаховиќ, со која го има снимено еден од најубавите дуети.
Додека таа одржуваше концерт во Сава Центарот во Белград, Саша Ковачевиќ гостуваше во емисија. Водителот го праша за нивниот однос, а пејачот реши да ја открие вистината.
Како што вели, Емина Јаховиќ го повредила неколку пати.
– Ги почитувам сите мои колеги. Два или три пати се случија работи што не беа колегијални, пријателски. Тоа беше во минатото. Таа повеќе не се однесуваше пријателски, а јас ја сметав за пријателка – рече Саша Ковачевиќ и додаде:
– Морам да реагирам. Овој наш проблем датира одамна, години. Морам да се бранам, тоа се нормални работи во бизнисот – рече Саша Ковачевиќ во емисијата.
Пред 16 години, Емина Јаховиќ и Саша Ковачевиќ снимија дует кој стана еден од најпознатите српски хитови, а нивната соработка остави голем белег на музичката сцена, па отсуството на Саша од концертот на Емина предизвика интерес кај јавноста.
фото: принтскрин

