Свет
(Видео) Инвазија во САД од џиновски отровни пајаци, нивните нозе се долги 10 сантиметри и можат да летаат
Североисточниот дел на САД се подготвува за инвазија на џиновски отровни пајаци со нозе долги околу 10 сантиметри. Станува збор за пајаците Џоро кои можат да летаат, пренесува Си-би-ес.
Претходно оваа година, Њу Џерси за контрола на штетници предупреди на пајаците кои доаѓаат, велејќи дека тие „тешко се пропуштаат“ бидејќи женките имаат распон на нозете до 10 сантиметри и се познати по нивното светло жолто тело.
Giant venomous spiders with 4-inch-long legs and capable of flying –yes, flying– are poised to invade the East Coast this summer. The #jorospider is colorful but potential dangers are lurking beneath the beauty. #arachnids #jorospiderinvasion
MORE: https://t.co/IJo9CMhyQT pic.twitter.com/mGV8ylm8jj
— 7News DC (@7NewsDC) June 5, 2024
„Џоро пајаците се одликуваат со нивната способност да летаат, особина невообичаена кај пајаците. Тие не летаат како птици, туку користат техника позната како балонирање, во која ослободуваат свилени нишки во воздухот, дозволувајќи им да ги носи ветрот“, изјавија од Контролата на штетници во Њу Џерси.
Хозе Р. Рамирез-Гарофало, еколог од Лабораторијата Локвуд на Универзитетот Рутгерс, изјави за SI Live дека прашањето е кога, а не дали пајаците ќе пристигнат во Њујорк.
🚨🕷️BREAKING: GIANT VENOMOUS FLYING SPIDERS COMING TO NEW YORK
The New York area is on high alert as experts predict the arrival of giant venomous Joro spiders, known for their ability to “fly”.
Originating from Asia and first spotted in Georgia around 2010, these spiders have… pic.twitter.com/tCngL6W4hx
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) June 5, 2024
Пајаците се по потекло од Азија, но беа внесени во Северна Џорџија околу 2010 година и продолжија да се шират од таму. Експертите предупредија дека пајаците би можеле да се прошират во Њујорк до 2022 година, но никој сè уште не е откриен.
„Податоците покажуваат дека пајакот Џоро веќе населува голем дел од источните делови на САД, Местото од каде што потекнуваат се совпаѓа со поголемиот дел од Северна Америка и затоа можат да се населат таму“, изјави експертот за инвазивни видови Дејвид Којл за Си-би-ес.
Џоро пајаците се отровни, но Којл вели дека тие не претставуваат никаква опасност за луѓето.
„Тој отров е резервиран за суштества фатени во нивните мрежи, вклучувајќи пеперутки, оси и бубашваби. Тие можат да претставуваат закана за домашните пајаци. Немаме докази дека овој вид на пајаци им нанел штета на луѓето или на домашните миленици“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американците предупредија: Наскоро може да се случи голем напад врз Украина
Американската амбасада во Киев предупреди на можноста од значаен воздушен напад врз Украина во наредните денови, објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во предупредувањето што денеска го објави Американската амбасада во Киев се наведува дека заканата се однесува на целата територија на Украина, односно на сите окрузи во земјата. Според соопштението, американските власти добиле информации за можен силен воздушен удар што би можел да се случи во кој било момент во текот на следните неколку дена.
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) January 8, 2026
Американската амбасада повторно ги повика своите државјани да бидат подготвени веднаш да побараат засолниште во случај на прогласување воздушна тревога. Вакви предупредувања Вашингтон редовно објавува во моменти на зголемени безбедносни ризици, особено кога постојат разузнавачки податоци за можни напади од руската војска.
Предупредувањето доаѓа во период кога Украина со недели е изложена на интензивни ракетни и напади со дронови врз енергетската инфраструктура и градовите низ земјата, додека властите во Киев предупредуваат дека Русија би можела да продолжи со бранови масовни удари.
Свет
Германија одбива да испрати војници во Украина од страв од Трета светска војна
Додека Велика Британија и Франција најавија можност за испраќање копнени сили во Украина во рамки на потенцијална мировна мисија, Германија зазема значително повнимателен став. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Бундесверот би бил распореден исклучиво на територијата на НАТО земјите што граничат со Украина, со цел поддршка на евентуално примирје, пренесува „Телеграф“.
Мерц појасни дека Германија ќе учествува во надзор на прекинот на огнот и во зајакнување на Украина, но без германски војници да стапнат на украинска територија. Иако под негово водство Германија започна со зајакнување на армијата и најави изградба на најсилната конвенционална војска во Европа, ваквиот став покажува воздржаност.
Причините, според анализата, се поврзани со германската внатрешна политика и уставните ограничувања по Втората светска војна. Секое испраќање војници во странство мора да биде одобрено од Бундестагот, а Мерц има тесно парламентарно мнозинство, што ваква одлука ја прави политички ризична.
Дополнителен фактор е и силниот отпор што би доаѓал од повеќе партии, вклучително и Социјалдемократите, кои традиционално се попретпазливи кога станува збор за воени ангажмани и провоцирање на Русија. Присутно е и историското бреме од можноста германски војници повторно да се најдат во конфликт со Русија.
Свет
Макрон и Штајнмаер со критики кон САД: Светот оди кон поделба на сфери на влијание
Францускиот претседател Емануел Макрон во своето годишно обраќање за надворешната политика ја критикуваше администрацијата на Доналд Трамп, обвинувајќи ги САД дека го поткопуваат глобалниот поредок заснован на правила. Тој оцени дека САД, како етаблирана сила, сè повеќе се оддалечуваат од дел од своите сојузници и се откажуваат од меѓународните правила што порано ги промовирале.
Макрон предупреди дека светот се движи кон поделба на сфери на влијание, во која големите сили настојуваат да доминираат, посочувајќи дека САД ја зајакнуваат својата улога во западната хемисфера. Иако директно не ги спомена Венецуела и Гренланд, тој ја обвини американската политика за кршење на правилата во трговијата и безбедноста, што предизвикува сериозна загриженост во Париз.
Критики упати и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој оцени дека светот не смее да се претвори во дувло на разбојници во која најбескрупулозните земаат што сакаат. Тој истакна дека глобалната демократија никогаш не била толку загрозена и предупреди на, како што рече, „слом на вредностите“ кај најважниот партнер на Европа – САД.
Фото:Depositphotos

