Свет
Бајден: Нема да го помилувам мојот син доколку биде осуден

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје.
Во интервју за Еј-би-си Њуз, тој одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување за Хантер. Тој исто така одговори со „да“ на прашањето дали ќе ја прифати пресудата во судскиот процес кој почна неделава.
Доколку биде осуден по сите точки од обвинението во Делавер, Хантер Бајден се соочува со затворска казна до 25 години, иако обвинетите обично добиваат пократки казни, според американското Министерство за правда.
Хантер Бајден, чие судење започна во вторникот, е обвинет дека не пријавил употреба на дрога кога купил пиштол во 2018 година и нелегално поседувал пиштол 11 дена во октомври 2018 година. Тој се изјасни за невин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел го погоди клучниот нуклеарен реактор во нападот врз Иран

Израел погоди клучен нуклеарен реактор во својот напад врз Иран. Меѓу нив е и нуклеарниот реактор Натанц, кој е клучен за нуклеарната програма на Иран.
Во раните утрински часови, според информациите од иранската државна телевизија, објавени од Ројтерс, се случила нова експлозија во нуклеарниот објект Натанц, околу 225 километри јужно од Техеран. Станува збор за еден од централните објекти за збогатување ураниум во Иран, чија важност за нуклеарната програма на земјата е повеќе пати потврдена и следена од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
МААЕ потврди дека објектот Натанц бил меѓу целите насочени од Израел во неговата последна воена операција и дека е во контакт со иранските власти за да се утврдат можните промени во нивоата на зрачење.
Комплексот Натанц, кој се наоѓа во централната покраина Исфахан, е еден од најважните објекти во нуклеарната програма на Иран. Таму се наоѓаат голем број центрифуги за збогатување на ураниум, вклучувајќи напредни модели што ги користи Иран за да постигне нивоа на чистота на ураниум до 60% – многу блиску до нивото потребно за производство на нуклеарно оружје. Поради оваа причина, Натанц со години е под строг надзор на инспекторите на МААЕ, но исто така е и постојана цел на израелски напади и саботажи.
Објектот е изграден и надграден под земја за да биде поотпорен на воздушни напади, но експлозиите потврдени утрово од ирански и израелски извори сугерираат дека бил погоден и покрај овие заштитни мерки.
Свет
Погледнете како изгледа воздушниот простор над Иран и Ирак во моментов

Авиокомпаниите рано утрово го евакуираа воздушниот простор над Израел, Иран и Ирак откако Израел започна напади врз цели во Иран, покажаа податоците на Flightradar24, додека превозниците брзаа да ги пренасочат и откажат летовите за да ги заштитат патниците и екипажот.
Ширењето на конфликтите низ целиот свет станува сè поголем товар за работењето и профитабилноста на авиокомпаниите, како и сè поголема безбедносна закана.
Flights clearing Iran and Iraq after airspace closures in both countries following strikes by Israel in Iran. pic.twitter.com/lefDHnAsoD
— Flightradar24 (@flightradar24) June 13, 2025
Израел соопшти дека ги таргетирал иранските нуклеарни постројки, фабриките за балистички ракети и воените команданти на почетокот на она што предупреди дека ќе биде долгорочна операција за спречување на Техеран да произведува атомско оружје.
Аеродромот Бен Гурион во Тел Авив беше затворен до понатамошно известување, а израелските единици за воздушна одбрана беа во состојба на висока готовност за можна одмазда од Иран. Израелскиот авиопревозник „Ел Ал ерлајнс“ соопшти дека ги прекинал летовите до и од Израел.
Иранскиот воздушен простор беше затворен до понатамошно известување, објавија иранските државни медиуми. Ирак го затвори својот воздушен простор и го прекина целиот сообраќај на своите аеродроми рано утрово, објавија ирачките државни медиуми.
Свет
МААЕ: Во контакт сме со иранските власти

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека ја следи ситуацијата во Иран и потврди дека објектот за збогатување ураниум во Натанц е меѓу целите.
„Агенцијата е во контакт со иранските власти во врска со нивоата на зрачење. Исто така, во контакт сме со нашите инспектори во земјата“, се вели во соопштението.
МААЕ вчера ја издаде својата најсилна осуда за Иран во последните 20 години, предупредувајќи дека земјата продолжила да збогатува ураниум до нивоа блиски до ниво за оружје и не ги исполнила своите обврски за неширење нуклеарно оружје.