Македонија
14 девојчиња на возраст под 15 години лани станале мајки во Македонија
Во 2023 година се регистрирани 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Државниот завод за статистика ги објави податоците за наталитетот во 2023 година.
Во Македонија лани се родиле 7,4 отсто помалку бебиња отколку во 2022 година. Родени се 16.859 деца, од кои живородени се 16.737, а мртвородени 122. Од новороденчињата повеќето се машки, односно 50,9 отсто.
Според месецот на раѓање, најголем број деца се родиле во август – 1.558.
Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,0 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај прворотките 28,1 години.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.
Во 2023 година кај нас се родиле 2.056 вонбрачни деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.
Македонија
Утре многу топло време со температури до 38 степени
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.
Македонија
Албанската агенција за статистика го корегираше „Северномакедонци“ во „Македонци“
Албанската агенција за статистика еден ден по објавата на резултатите изврши корекција и наместо „Северномакедонци“ го графата на пописот сега стои „Македонци“.
Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи и комуникацијата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Игли Хасани.
„Колегата Хасани ме информираше дека станува збор за техничка грешка. Благодарен сум за брзата интервенција“, изјави Муцунски.
Македонското Министерство за надворешни работи денеска испрати остра реакција за употребениот термин, како и оценка дека резултатите од пописот во Албанија не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.