Свет
Милитантите Хути тврдат дека нападнале британски воен брод во Црвеното Море
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-09-160931.jpg)
Јеменската милитантна група Хути денеска објави дека истрелала неколку балистички ракети врз британскиот разурнувач ХМС Дајмонд, што британското Министерство за одбрана го демантираше.
Во соопштението на групата Хути се наведува дека нападот врз разурнувачот бил „прецизен“, но не се наведува дали е направена некаква штета.
„Овие наводи не се точни“, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана, негирајќи ги наводите за нападот, пренесе Ројтерс.
Според групата, погодени се и трговските бродови „Нордернеј“ и „Тавиши“, а на „Нордернеј“ избувнал пожар.
Нападите со ракети и беспилотни летала на јеменската група Хути во Црвеното Море и Аденскиот Залив започнаа во ноември минатата година и ја нарушија глобалната трговија.
Многу големи бродски компании ја избегнуваат областа и испраќаат бродови што пловат меѓу Азија и Европа на многу подолг пат околу јужна Африка, што ги зголеми трошоците за транспорт.
Хутите велат дека ги извршуваат нападите во знак на солидарност со Палестинците и го повикуваат Израел да ја прекине војната против Хамас во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Нетанјаху свика состанок на безбедносниот кабинет за да се разгледа предлогот на Хамас за прекин на огнот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/677z381_netanjahu-6554edf85e769.jpg)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе свика состанок на безбедносниот кабинет на кој ќе се разговара за предлогот на Хамас за можен прекин на огнот и договорот поврзан со заложниците, изјави денеска неименуван извор од кабинетот на премиерот на Израел.
Според истиот извор, пред состанокот на кабинетот, Нетанјаху ќе има консултации со неговиот преговарачки тим, пишува The Times of Israel.
Израел го проучува одговорот на Хамас на предлогот кој би вклучувал размена на заложници и прекин на огнот во Појасот Газа, објави вчера израелската разузнавачка и безбедносна агенција Мосад.
Свет
Путин: Кина и Русија постапуваат во согласност со сопствените интереси, тоа не е против други земји
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/putin4-1.jpg)
Претседателот Владимир Путин во разговор со кинескиот лидер во Астана рече дека земјите што ги водат, постапуваат во согласност со нивните сопствени интереси – и дека тоа не е насочено против ниту една друга земја, пренесува Гласот на Америка.
Двајцата државници разговарале и за Украина и се согласиле дека мировните преговори без присуство на Русија се залудни, изјави Дмитриј Песков, медиумски претставник на рускиот претседател.
„Во контекст на Украина, беше забележана бескорисноста на какви било формати без руско учество“, рече Песков.
Шји и Путин се сретнаа на самитот на евроазискиот безбедносен и одбранбен блок, на кој Москва и Пекинг гледаат како средство за спротивставување на влијанието на САД и нивните сојузници.
Станува збор за организација создадена како Шангајска организација за соработка, основана во 2001 година, која ја сочинуваат Русија, Кина и земјите од Централна Азија.
Белорусија првпат присуствува на самитот како полноправна членка на организацијата, соопшти Кремљ.
„Лидерите на земјите-членки ќе разговараат за актуелната ситуација и изгледите за продлабочување на соработката и подобрување на нејзините активности“, соопшти Кремљ.
Индискиот премиер Нарендра Моди не присуствува на самитот – земјата ја претставува шефот на дипломатијата.
Организацијата се залага за формулирање на заеднички пристапи кон надворешните безбедносни закани, фокусирана е на спротивставување на внатрешната нестабилност и проширување на влијанието на нејзиното влијание низ Азија.
Во разговорите учествуваат и Бахреин, Камбоџа, Египет, Кувајт, Мјанмар, Непал, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Кина и Русија прогласија таканаречено партнерство без граници, во февруари 2022 година, кога Путин го посети Пекинг. Тоа се случи неколку дена по почетокот на агресијата врз Украина.
Оттогаш, Шји и Путин го продлабочија своето партнерство. Двајцата лидери сметаат дека ерата по Студената војна, во која веруваат дека доминира САД, пропаѓа, пишува Гласот на Америка.
Свет
Обидот за убиство на премиерот на Словачка Фицо е преквалификуван како терористички чин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/hgfh.jpg)
Обидот за убиство на премиерот на Словачка Роберт Фицо е преквалификуван како терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.
„Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот дополнително ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин“, рече Жилинка на Фејсбук.
Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо е веќе информиран за промената на статусот на случајот, пренесува ТАСР.