Забава
Хороскопски знаци што секогаш прават погрешни избори: дали сте меѓу нив
Некогаш не сме ние виновни за тоа што ни се случува, но најчесто не постои никој друг кого би можеле да обвиниме. И тогаш е време да се соочиме со последиците, кои не се секогаш многу пријатни. Секако, ако тоа им се случува премногу често, тогаш постои можност да научат од овие грешки.
Еве кои хороскопски знаци сами себе си го комплицираат животот.
Хороскопски знаци кои прават погрешен избор
Овен
Овенот е крал на импулсите и грешките. Претставниците на овој знак речиси сите одлуки во животот ги носат без претерано размислување. Прво дејствуваат, а потоа се соочуваат со последиците. Тие се топлокрвни и често многу непромислени и затоа постојано прават погрешни избори. Ова се однесува на сите сфери од неговиот живот, и лични и професионални.
Близнаци
Можеби се брилијантни, но се многу импулсивни и постојано прават погрешни избори. Секако, друг елемент што придонесува за тоа е тоа што тие се толку сигурни во себе и во своите способности што ретко седнуваат сериозно да размислат и да ја анализираат ситуацијата пред да донесат одлука. Така, тој секогаш паѓа во замки кои на крајот скапо го чинат. Сепак, тоа не е доволно за да научи да размислува подобро.
Стрелец
Стрелците се вистински огнови и своите одлуки ги носат во лет. Не размислуваат премногу, не анализираат, а не им е ни грижа да го прават тоа. Тие прават се што ќе им падне на памет во тој момент и штом ќе помислат дека нешто е во ред, ќе тргнат по тоа со целото свое битие. Се додека, се разбира, не испадне дека е спротивно и не добијат само сметка за плаќање. И дури тогаш сфаќаат што направиле. Страдањето никогаш не им држи лекција, а нивните погрешни избори продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
1. декември ја менува судбината на три хороскопски знаци, ги чека огромна среќа
Од 1 декември три хороскопски знаци — Близнаци, Стрелец и Водолија — влегуваат во период на голема среќа, успеси и позитивни промени. Крајот на ноември носи силни астролошки влијанија кои овие знаци ќе ги почувствуваат како изненаден наплив на можности, финансиски добивки или поддршка во љубовта.
Близнаци
Неочекивана информација или нова личност може да им отвори врата кон деловни или финансиски шанси. Комуникацијата ќе биде клучна, а нивната природна љубопитност ќе им донесе успех.
Стрелец
Стрелците влегуваат во фаза на експанзија. Патувања, контакти од странство или нови искуства носат награди и радост. Оптимизмот им привлекува позитивни промени.
Водолија
Водолиите ќе напредуваат преку креативност и оригинални идеи. Проекти што долго ги развиваат може конечно да им донесат признание, поддршка или финансиски прилив.
И додека за другите знаци периодот е помирен, секој ќе може да најде стабилност преку мали, но значајни промени со долгорочна корист.
Забава
(Видео) Mисица падна на сцената на „Мис Универзум“, па кажа дека било дел од настапот
На изборот за Мис Универзум 2025 во Тајланд, претставничката на Велика Британија, 37-годишната Даниел Латимер, предизвика големо внимание кога падна на сцената за време на претставувањето на националните костими. Снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи, а публиката и жирито беа шокирани – сè додека не се откри дека падот бил дел од настапот.
Латимер се појави во костим инспириран од ликот Елајза Дулитл од филмот „My Fair Lady“, делеше цвеќе, а потоа намерно се сопна и падна. По неколку секунди стана сама, го соблече капутот и ја откри раскошната балска тоалета, што предизвика силен аплауз. Подоцна објасни дека падот симболизира трансформација, како на Елајза, така и нејзината лична.
View this post on Instagram
На Инстаграм пошегува се дека „веројатно ќе заврши во Daily Mail поради падот“, и откри дека при настапот си скршила нокт – единствен дел што не бил планиран.
Латимер вели дека приказната за Елајза ја гледа како своја: израсната во сиромашниот Ист Енд во Лондон, сама си го изградила патот до светската сцена.
Настапот стана еден од најкоментираните на годинашниот избор, додека преднатпреварите влегуваат во финална фаза. Финалето на Мис Универзум 2025 ќе се одржи на 21 ноември во Бангкок.
Забава
Сопругата на словенечкиот премиер е мисица и активистка, со својот стил повторно го привлече вниманието, гласајќи на референдумот
Сопругата на словенечкиот премиер Роберт Голоб, поранешната мисица Тина Габер, го привлече вниманието кога двајцата денес заедно гласаа на референдумот за асистирано самоубиство. Габер се појави во едноставна црна комбинација со елегантен светлобеж капут.
Голоб и Габер се венчаа на 6 септември 2025 година, на интимна церемонија во Струњан, со присуство на блиски пријатели и семејство. Врската ја потврдија во 2023 година и оттогаш повремено се појавуваат заедно на настани, иако приватноста ја чуваат внимателно.
Тина Габер е позната од 2008 година кога ја освои титулата Miss Hawaiian Tropic Slovenia. Студирала социологија, а подоцна станала водителка, инфлуенсерка и активистка за правата на животните и заштита на животната средина. Изградила имиџ што ги спојува модата, ангажираноста и здравиот стил на живот.
Прочитај и: Сопругата на словенечкиот премиер за свадбата: „На гостите им ги одзедовме мобилните телефони“

