Забава
Папараци ја снимија Ријана во Њујорк, таа ја покажа новата фризура
Ријана во последните неколку недели експериментира со фризури. Поп-ѕвездата деновиве беше фотографирана во Њујорк, повторно со нов имиџ.
Таа во март драстично ја скрати косата и ја обои руса, па сега пејачката ја обликува на разни начини. Претходните денови се шеташе со испеглана коса, а сега покажа како ѝ изгледа кога е навиткана.

Причината за нејзината нова фризура е новиот бизнис. Ријана, која стана магнат во светот на убавината, лансира нова линија на производи за нега на косаѕта. Ова е најновата експанзија на нејзиниот бренд за убавина Fenty, што ја направи милијардерка.
View this post on Instagram
Таа нагласи дека нејзината нова линија на производи за нега на косата ќе вклучува формули дизајнирани за обновување, кои ќе бидат погодни за сите типови коса.
View this post on Instagram
„Ја имав речиси секоја текстура, боја и должина на косата, од екстензии до плетенки и природна коса. Затоа лансирам приспособлива линија на производи, која не само што ја задоволува секоја потреба поврзана со нега на косата туку секој производ е создаден за зајакнување и обновување на сите типови коса, што ни е исклучително важно!“, наведе таа во објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:

