Црна хроника
Четирицикл излетал надвор од пат, тешко повредени две лица од Тетовско
Вчера во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка – Тетово, во село Гајре, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот М.Р. од село Порој, тетовско, излетал надвор од патот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.Н.(32) од с.Порој, констатирани во Клиничка болница Тетово“, соопшти МВР.
По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина кумановец, паднал и со главата удрил во земјената површина пред стадионот на ФК „Башкими“
Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово.
Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош.
Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје.
По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
86-годишен пешак прегазен во Тетовско
Вчера во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Јажинце, во с.Порој, патничко возило „фолксваген туарег“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Џепчиште, удрило во пешакот А.С.(86) од с.Порој.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судриле мотоцикл и автомобил, мотоциклистот со тешки повреди пренесен на клиника
Вчера околу 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(44) од с.Мала Речица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од с.Милетино, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.