Македонија
Kомеморативна седница во Собранието по повод смртта на Стојан Андов
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/stojan-andov-promocija-na-kniga-4.jpg)
Во 13 часот ќе се одржи Kомеморативна седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието по осамостојувањето на државата.
Андов почина на 89-годишна возраст.
„По повод смртта на првиот претседател на републичкото Собрание по осамостојувањето на државата, Стојан Андов, изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до семејството Андов, како и до неговите колеги, пријатели и соработници. Стојан Андов засекогаш ќе остане запаметен како прв претседател на плуралистичкото Собрание, кој со право се смета за основоположник на новата парламентарна традиција кај нас“, напиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) „Кораб е на Албанија“: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/korab.jpg)
Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме
На видеото може да се забележи дека Шулку е придружуван од уште неколку други лица.
Од МВР се уште не се огласиле за овој инцидент.
Македонија
Филков – Агелер: Поддршка за реформите во правосудството и забрзување на евроинтегративниот процес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/0.jpg)
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјата, Анџела Агелер, на која се разговараше за спроведување на реформските заложби, засилување на борбата против криминалот и корупијата, состојбите во правосудството, затворите, како и обезбедување услови за непречено спроведување на предвидените активности.
Амбасадорката Агелер му посака успешна работа на Филков и очекува реализација на реформската законодавна агенда.
Министерот за правда Игор Филков порача дека промени мора да се испорачаат бргу затоа што граѓаните бараат резултати.
На средбата беше потврдена заложбата и посветеноста за натамошно развивање на билатералните односи меѓу двете земји, како и продолжување на досегашната соработка.
Македонија
Муцунски – Дуџијак: Поздравена континуираната поддршка од ОН за севкупниот напредок на нашата земја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Mucunski_Dudziak2.jpeg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ja прими постојаната координаторка на ОН во земјата, Росана Дуџијак.
На средбата стана збор за рамката за соработка за одржлив развој 2021 – 2025, при што беше нагласено дека нејзината имплементација ќе придонесе и за целосна реализација на целите за одржлив развој до 2030, на што земјава е во целост посветена.
Министерот се заблагодари на досегашната поддршка на Канцеларијата на резидентниот координатор на ОН во земјата во исполнувањето на нашите национални приоритети нагласувајќи ја посветеноста на новата Влада на реформските процеси и понатамошниот демократски развој.
Дополнително, беше поздравена континуираната поддршка од ОН за севкупниот напредок на нашата земја преку разни проекти и активности нагласувајќи дека тие им помагаат и на нашите клучни процеси, како што е процесот на пристапување во ЕУ.
Воедно, стана збор и за нашето учество на Генералното собрание на ОН, што ќе се одржи во септември оваа година, како и за календарот на активности во претстојните месеци.