Македонија
Филипче: На СДСМ му се потребни нови луѓе, но и старите членови интелектуалци, социјалдемократи
Кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче оствари средби со сопартијците од Општинските организации на Ѓорче Петров и Карпош. На средбите, Филипче истакна дека СДСМ ќе биде партија отворена за сите стари и нови членови кои ќе придонесат за добро на партијата и државата. Toj потенцираше дека ако биде избран за претседател ќе развие модел за привлекување на квалитетни кадри, независни експерти кои ќе донесат свежина во СДСМ.
„Често слушам дека се потребни нови луѓе во партијата, но и дека сите треба да си одат и дојдат целосно нови. Ова е многу исклучувачка политика која ги генерализира проблемите во партијата. Со овој став се етикетира и исклучува огромно мнозинство на луѓе кои дале придонес во минатото. Јас сметам дека секако нови луѓе се потребни. Ако бидам избран за претседател ќе развијам модел на привлекување квалитетни кадри, на млади и независни експерти кои ќе донесат свежина“-рече Филипче.
Истакна дека СДСМ е партија со голема историја околу која гравитирале врни интелектуалци и големи социјалдемократи, партијата не смее да ги заборави и треба да ги вклучи во процесите.
„СДСМ е партија со голема историја. Во изминатите 30 години во и околу СДСМ гравитирале врвни професионалци, социјадемократи и интелектуалци кои никако не смееме да ги отпишеме. Во услови кога има се помалку луѓе кои сакаат да се вклучуваат во политиката, треба да се искористи целиот човечки потенцијал кој го има партијата. СДСМ треба да се отвори за членови на минати раководства, за секој кој искрено сака и може да помогне да ја подигнеме на нозе и да ги промовираме вредностите на социјалдемократијата“- реќе Филипче на средбата со сопартијците од скопските општини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

