Контакт

Македонија

ЦУК: 15 пожари на отворено

Објавено пред

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2 072 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,43%, а 35,57% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

dobivaj vesti na viber

Кон Полиција биле упатени 64,65%, кон Итната медицинска помош 24,14%, a кон пожарникарите 6,32%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 856 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,89%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (35,57%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

15 пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, и од нив активен се води само уште еден на место викано Рамнин. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на село Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води се уште како активен. Од ЦУК се известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Од подружница „Лопушник“ на ден 20.06.2024 година има интервенирано екипа со 5 вработени и месно население од село Цер но поради големата оддалеченост и исцрпеност екипата е повлечена по околу 17.00 часот. Денеска е планинароно да се интервенира со воздушна поддршка од страна на МВР.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека имало четири пожари на отворено во Скопскиот регион. БППЗ на Град Скопје од 11.25 до 12.20 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 1000 м2 во атарот на с.Љуботен (Опш.Бутел); од 14.15 до 15.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 60m2 во атарот на с.Јурумлери (Општина Гази Баба); од 14.30 до 16.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 3 000m2 во атарот на с.Дворце (Општина Сарај) и од 21.05 до 22.10 часот, со 1 ПП возили и 3 пожарникари интервенирале на запалено стрниште и ѓубре на површина од 2 000m2 во с.Шишево (ОпштинаСарај)

РЦУК Битола информира дека ТППЕ Битола дека од 12.55 до 14.15 часот, со 1 ПП возила и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Гермијан.

РЦУК Струмица известува за три пожари: пожарот на запалена ниска вегетација и прнар кај с.Марвинци (Општина Валандово) што од 19.06.2024 година беше локализиран и немаше активно горење, вчера екипи од ЈП МШП „Саланџак“ – Валандово, ДЗС, ТППЕ Валандово го локализираа и го контролираа за да не дојде до повторно активирање, по што е целосно ликвидиран. ТППЕ Струмица, од 11.56 до 13.25 часот, со 2 теренски возила и со 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки во Добрашинци (Општина Василево) и од 14.20 до 17.15 часот, со 2 теренски возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и депонија во с.Штука.

РЦУК Штип известува за два пожара: ТППЕ Штип од 14.00 до 16.30 часот, интервенирале на запалена земјоделска површина (житни култури и 1 комбајн) на површина од 40 хектари во атар на с.Батање (Општина Карбинци).ТППЕ Кочани имале една помала интервенција заради запалена градска депонија.

РЦУК Куманово известува за три пожари: ТППЕ Куманово од 20.05 до 20.50 со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалени прагови од пруги во Железничка станица; од 17.55 до 18.55 часот, со 1 ПП возило и 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Стари Лојза“. Исто така, во изминатото деноноиќие имале уше една помала интервенција.

РЦУК Тетово известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово од 17.10 до 18.00 часот, со 1 ПП возила и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Требош.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за целите и приоритетите насочени кон демократизацијата на македонското општество, човековите права и владеењето на правото. Реафирмирајќи ја посветеноста за натамошна конструктивна соработка со Советот на Европа, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од континураната поддршка за нашето целосно усогласување со европските стандарди и вредности.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста од кредибилно постапување на Европската Унија во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан кога напредокот на поединечните кандидати е евидентно заслужен. Таа се осврна и на неопходното обезбедување усогласеност со обврските што земјите-членки ги презеле, вклучително и правилното спроведување на пресудите на Судот во Стразбур.

Соговорниците разговараа и за актуелните безбедносни состојби во Европа, со акцент на војната во Украина, како и за потребата од посветеност и заеднички пристап кон сегашните и идните предизвици какви што се влијанието на новите технологии и климатските промени врз човечките ресурси.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до новоизбраниот генерален секретар на Советот на Европа, Алан Берсе, изразувајќи искрени желби за успешно исполнување на важната мисија и продолжување на плодната соработка со македонските институции.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Битиќи: Над 75% од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Објавено пред

Во сите анкети над 75% од граѓаните велат дека се за членство во ЕУ. Политичарите имаат обврска да носат одлуки, за да одговорат на нивното очекување. Владата треба да каже кој е нивниот план. Очигледно гледаме сценарио во кое за жал продолжува стариот манипулативен приод на оваа гарнитура, да изманипулираме што можеме за избори а после кога ќе ја добиеме власта ништо од тоа не важи, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во одговор на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber

На власта беше да ги подобри условите како што ветуваше, додаде тој.

-И сегашната партија ВМРО-ДПМНЕ нема добиено повеќе од 25% од вкупниот број граѓани на изборите Легитимитетот на изборите не мора да значи дека се носат добри одлуки. Но и да прифатиме дека е тоа така, нивно беше да ги сменат условите. Да го сменат и Францускиот предлог, да ја сменат и преговарачката рамка, и да го вратат името. Очигледно гледаме сценарио во кое за жал продолжува стариот манипулативен приод на оваа гарнитура, да изманипулираме што можеме за избори а после кога ќе ја добиеме власта ништо од тоа не важи, додаде Битиќи.

Која е алтернативата? Власта треба да каже како понатаму после одвојувањето на европскиот пат, рече Битиќи.

-Наредната недела изминуваат 100-те дена и убаво на следните пратенички прашања Владата да дојде со план каде ќе се движи Македонија во наредните години, кога е очигледно одвојувањето на европскиот пат од другите земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ со практикувањето на корупција и криминал, ставија печат на тонењето на Македонија на патот кон ЕУ

Објавено пред

Владата предводена од СДС и ДУИ седум години од владеењето имаше само една цел, а тоа е како да полнат џебовите на поединци, наместо да работат на исполнување на европските вредности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Владата на СДС и ДУИ, со практикувањето само на корупција и криминал, ја врати Македонија многу назад на планот на европските интеграции.

Резултат на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ е Македонија да остане на дното на патот кон ЕУ, односно и Албанија да оди напред. Лицата Зоран Заев, Венко Филипче и Артан Груби се креатори на црното сценарио за Македонија. Што направија тие за патот на Македонија кон ЕУ?

Прво, лажеа дека Македонија почнала преговори. Второ, практикуваа само корупција и криминал што е сосема спротивно на залагањата на ЕУ. Со ова Заев, Филипче и Груби ставија печат не само на стагнирање, туку и на назадувањето на Македонија, наместо на напредок кон ЕУ.

Тие ставија печат на рекордно ниското ниво на доверба во правосудството, уништено здравство, ученици без учебници, низок стандард на живот и слично. Заев, Филипче и Груби се единствените виновници за изгубените седум години на Македонија на патот кон ЕУ.

Заев, Филипче Груби се единствените виновници што стигнавме до тоа Албанија да е пред нас. ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво врз вистински вредности кои се во интерес на сите граѓани и Македонија“, пишува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет51 минута

Анкетите покажаа изедначеност на Трамп и Харис во клучните држави за победа на изборите

Резултатите од истражувањето спроведено од Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд...

Регион3 часа

(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви

Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта,...

Економија3 часа

(Видео) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи

„Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13...

Македонија3 часа

(Видео) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

„СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери“, рече денеска на прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и...

Македонија4 часа

АХВ спроведе вонредни контроли во Кавадарци, недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница – изречени се парични казни

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во...

Македонија5 часа

Средба на министерот Муцунски со МНР на Република Индија, Џаишанкар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба...

Свет5 часа

Убиен e лидерот на Хезболах, соопшти израелската армија

Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен. Во објава на X, израелската армија ИДФ соопшти дека...

Свет7 часа

(Видео) Ураганот во САД однесе 44 животи, речиси 5 милиони граѓани без струја

Бројот на жртвите од ураганот Хелена, кој ги погоди САД, се зголеми на 44, а 4,6 милиони луѓе се без...

Свет7 часа

(Фото+видео) Израел изврши огромни напади врз Бејрут – има загинати и повредени

Најмалку шест лица се убиени во најновите воздушни напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство, кое соопшти...

Македонија23 часа

Сомнеж за труење со храна во основното училиште„Ѓорѓија Пулевски“во скопски Аеродром: затворена е кујната

Наредено е затворање на кујната, по добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште...

Македонија1 ден

Орбан има предлог за изнаоѓање решение со Бугарија, му го кажал на Мицкоски

Следен чекор е Северна Македонија да се спогоди со Бугарија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан при посетата во Охрид за...

Македонија1 ден

Oрбан: Историска грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ сè уште не се почнати

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во дводневна посета на земјата, оцени дека е историска грешка што Брисел сè уште...

Македонија1 ден

Водата во Гостивар неисправна за пиење, најдена е ешерихија коли

Од ЕЛС – Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментно не е безбедна за пиење....

Македонија1 ден

„Македонија го доживеа најголемиот пораз со ЕУ“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во...

Македонија1 ден

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател Румен Радев ја дефинира одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот Хелен ја опустоши Флорида: поплавени куќи, урнати дрвја, милиони без струја

Ураганот Хелен, кој ослабе од категорија 4 на категорија 1 откога ја опустоши Флорида, ќе продолжи да предизвикува бранови опасни...

Македонија1 ден

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение...

Свет1 ден

Макрон: Би било грешка Нетанјаху да одбие прекин на огнот во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би било „грешка“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одбие примирјето предложено за...

Свет1 ден

Трамп: Денеска ќе се сретнам со Зеленски

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неколкудневните гласини дека средбата е малку веројатна. Републиканскиот...

Свет2 дена

(Видео) Ловец на бури објави снимка од центарот на ураганот Хелен

Ник Андервуд, ловец на бури, кој со години лета низ бури, денеска објави видео од центарот на ураганот Хелен. „Ве...