Македонија
Левица: Без соодветна документација се гради загадувачка индустрија во подножјето на Беласица

На местото кај Смоларскиот мост, на подножјето на Беласица, на влезот од село Смолари, КО 40/4 подолго време молкум се гради „таинствен” објект на општинско земјиште. Нема никаква табла за тоа што се гради, кој е инвеститорот, кој е изведувачот. Документи во врска со објектот сè уште не се доставени и дадени на увид и по неколкукратното барање од страна на советниците од Општина Ново Село. Локалното население се сомнева дека се гради објект за загадувачка индустрија без поседување на соодветна документација, велат од политичката партија Левица преку соопштение.
„Од јавно достапниот линк од Седницата на Советот на Општина Ново Село, на прашање за називот на издадената дозвола за градба на објектот, Градоначалникот избегнува одговор и без прецизирање вели: „Производствен погон за обработка на алуминиумски одливци и легури”.
Помеѓу месното население се шпекулира дека еден од двајцата инвеститори е близок со ДУИ, а Kaja Шукова, како министер за животна средина од СДС, ја одобрила градбата.
Постојат сомневања дека објектот е од Г-1 загадувачка индустрија, на место каде е дозволено да се гради Г-2. Законот предвидува дека објекти од Г-1 индустрија може да се градат на оддалеченост од најмалку 5 км од населено место. Според загрижените граѓани, оваа градба се наоѓа на осумдесет метри од изворот на вода за пиење со кој се снабдува Ново Село.
Од неофицијални извори се споделува дека и градежниот инспектор од Општина Ново Село, кој не сакаше да потпише дозвола за градба, е трансфериран да работи во друга општина. Додека, пак, на негово место е испратен друг градежен инспектор кој ја потпишал градежната дозвола. Тоа што документите поврзани со овој објект се кријат од очите на јавноста, само го зголемува сомнежот за политичка вмешаност во истиот.
Поради тоа, Политичката партија Левица бара документите со овој објект да бидат јавно објавени и да се одговори на прашањата: Kога е издадена дозволата и од каков тип е истата? Дали и кога имало јавна расправа за овие измени во урбанистичките планови? Kој е инвеститор и кој го проектира и изведува објектот? Koја класа на индустрија е класифицирана за објектот?
Левица во континуитет стои на страната на здравата животна средина и обезбедување на квалитетни услови за живот на граѓаните. Ниту еден зелен и чист предел не смее да се уништи на сметка на богатењето на олигарсите! Доколку се потврди дека станува збор за загадувачка индустрија, Левица ќе продолжи да ги поддржува загрижените граѓани“, велат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.