Забава
Познатата пејачка објави фотографии од својот одмор, им се допаднаа над 3,5 милиони луѓе

По објавувањето на новиот албум Cowboy Carter, Бијонсе како да исчезна од сцената со шпекулации дека се повлече од очите на јавноста поради фактот што нејзиниот сопруг Џеј Зи му е долгогодишен пријател на раперот Диди, кој е обвинет за сексуален напад од страна на голем број жени.
View this post on Instagram
Бијонсе на „Инстаграм“ се пофали со фотографии од одморот на јахта со сопругот, а пејачката ги премолча шпекулациите објавувајќи фотографии на кои позира насмеана во краток бел фустан, со што ги воодушеви своите фанови.
Двојката позира во соодветни комбинации, а фотографиите собраа речиси 3,5 милиони „допаѓања“ за само два дена по објавувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Конечно си го „врати лицето“: и никогаш не изгледала поубаво

Новата сезона на „And Just Like That..“ е на повидок, а нејзините ѕвезди веќе почнаа да ја промовираат во Њујорк.
И кога сме веќе кај тоа, Кристин Дејвис, која ја игра донекаде срамежливата Шарлот Јорк, се појави на премиерата на третата сезона и сите беа шокирани кога го видоа нејзиното лице.
Актерката одлучи да носи тесна тоалета во „валкано“ бела боја за овој голем настан во Њујорк. Креацијата е потпишана од дизајнерката Рејчел Гилберт, а е украсена со цветни детали и монистра.
Својот стајлинг го надополни со дискретни додатоци и брановидна фризура што ѝ паѓаше преку рамената. Сепак, нејзиното лице со минимална количина шминка привлече најголемо внимание на јавноста.
Кристин успеала да го „врати лицето“ по бројните козметички процедури што ги имала во текот на изминатите неколку години.
Забава
Финансиска среќа каква што не сте виделе 50 години: ненадејно богатство за четири знаци

Познатиот руски астролог Тамара Глоба неодамна даде сензационално предвидување: во следните три месеци (мај, јуни, јули 2025 година), уникатното подредување на планетите ќе им донесе на некои хороскопски знаци неверојатна финансиска среќа – среќа каква што не е видена во последните 50 години.
Затоа, хороскопот предвидува дека универзумот ќе им даде шанса драстично да ја подобрат својата финансиска состојба и одеднаш да се збогатат. Дали сте еден од среќниците во Зодијакот?
Овен: Време е за берење на плодовите
Овните ги очекува период на триумф. Смелите потези ќе донесат долгоочекувани финансиски резултати. Активноста и решителноста ќе станат ваши главни сојузници на патот кон просперитет. Можно е ненадејно наследство, голема добивка или профитабилна инвестиција.
Глоба советува да не се двоумите и да дејствувате решително за да не ја пропуштите вашата шанса. Внимателно анализирајте ги сите понуди и не плашете се да ризикувате.
Лав: Господар на паричните текови
Лавовите можат да очекуваат напредок во деловното и финансиско поле. Вашата креативност и лидерски вештини ќе ви помогнат да склучувате профитабилни зделки и да го зголемите вашиот капитал.
Астрологот ве советува смело да се впуштите во спроведување на планираните проекти – од стартапи до големи договори. „Финансиските реки ќе бидат полни и турбулентни“, вели Глоба. Преземете иницијатива и одговорност за финансиските одлуки.
Стрелец: Кон финансиска изобилство
Љубовта кон авантурата на Стрелецот ќе отвори врата кон неконвенционални начини на заработка – работа во странство, развој на нови пазари или необични работни места со флексибилно работно време. Интуицијата ќе стане ваш најверен сојузник.
Глоба ве советува да му верувате на вашиот внатрешен глас и да не се плашите да отстапите од воспоставениот пат. Сега е вистинско време за експерименти и ризици, бидејќи тие можат да донесат неочекуван приход. Бидете отворени и не се ограничувајте.
Водолија: Иновацијата е клучот до богатството
Неконвенционалното размислување на Водолијата ќе го привлече вниманието на сериозните инвеститори. Револуционерните идеи, особено во технологијата и креативните индустрии, можат да ви донесат огромен профит.
Глоба охрабрува смелост: „Дури и најфантастичните проекти сега имаат шанса да станат реалност!“. Не плашете се да ги поместувате границите и верувајте во вашата визија. Вашиот уникатен поглед на светот ќе биде вашиот билет за финансиска благосостојба.
Забава
Fashion Group Digital Magazine: Една година креативност, мода и инспирација!

Една од најголемите и омилени модни групации, Fashion Group, точно пред една година започна подвиг кој беше исполнет со храброст, желба и мотив нивните клиенти и соработници да добијат сосема нова перспектива на работење и креативност.
Се создаде месечен дигитален моден магазин. Година подоцна, тоа што за многумина беше храброст, денеска е успешна приказна!
Тимот што работи на неговото создавање направи ретроспектива на сите досегашни изданија, приказни – модни, но и лични – и задоволно може да продолжи во новата етапа на испишување страници.
„Навистина сме горди на досега постигнатото. Успеавме да ги споиме модата, успехот, идеите и креативноста и да ги претвориме во производ кој остава препознатливост. Често не е едноставно да се поместуваат граници, но на Fashion Group и овој пат му успеа да го стори тоа. Особено сме горди што целиот овој проект го правиме „in house“, во Fashion Group, и многу е интересно што на моменти изгледа како редакција. Многу љубов, труд и енергија се вклучени во овој проект кој имаше за цел да ја стави модата во фокус и на еден, уште поблизок начин, да комуницира со сите оние што ги сакаат нашите брендови. Сакавме да донесеме светски трендови во Македонија и успеавме во тоа. Благодарност на сите учесници во создавањето на магазинот, на сите наши досегашни соговорници и секако до сите уживачи на овој наш креативен труд“, велат од групацијата.
Познати лица од македонската сцена ги раскажаа своите животни, професионални, но и модни приказни. Секој месец читателите имаа можност да уживаат во модни совети, инспирации, трендови.
„Оваа приказна ќе продолжи и ќе добие уште поубав правец, особено сега кога видовме дека нашата идеја е препознаена, а магазинот е нешто што со нетрпение се очекува“, додаваат од Fashion Group.
А кога сме кај нетрпението, новиот, роденденски број на магазинот е веќе објавен, а на насловната страна овојпат се најде македонската пејачка Антониа Гиговска, сосема поинаква, позрела, со нова приказна која чека да му ја раскаже на светот.
Нејзината насловна фотографија, а и сите останати од изминатата прва година на постоење на Fashion Group дигиталниот магазин, можете да ги погледнете во вид на изложба во трговскиот центар „Ист Гејт“ во делот на „Модната авенија“.
(ПР)