Македонија
Пред најавеното невреме Кисела Вода ги чисти атмосферските шахти
Со цел да се превенираат можни штети од најавеното големо невреме за денес, Општина Кисела Вода презема активни мерки за чистење на атмосферските шахти.
Тимовите на Општината се на терен и интензивно работат на чистење сите шахти со цел да се обезбеди нормален проток на вода и да се спречат евентуални поплави. Како локална самоуправа редовно спроведуваме активности за одржување и чистење на јавните површини, но се дејствува и вонредно во услови кога имаме најава за можно невреме, како што е денес.
„Како градоначалник на општина Кисела Вода сакам да ги уверам нашите граѓани дека правиме сѐ што е во наша можност за да ги заштитиме од евентуалните последици на најавеното невреме. Превенцијата е клучна и затоа денес ги чистиме сите атмосферски шахти за да спречиме поплави и други евентуални штети. Сите тимови на Општината се мобилизирани и подготвени да реагираат на предизвиците што би можеле да се појават за време на најавеното невреме. Наша прва и најважна обврска е да ги заштитиме нашите граѓани и нивните имоти. Ве уверувам дека ќе направиме сѐ што е во наша можност да го минимизираме ризикот од поплави и други штети“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

