Свет
(Видео) Стампедо на верски фестивал во Индија, 87 мртви, се шират морничави снимки
Најмалку 87 лица загинаа денеска во стампедо на верски настан во северната индиска држава Утар Прадеш, јави NDTV, додека властите досега потврдија 60 мртви.
Стампедото се случило во село во областа Хатрас, на околу 200 километри југоисточно од главниот град Њу Делхи.
„Во моментов не го знам точниот број на жртви, но тие се околу 60… Постои можност бројот да се зголеми“, изјави за Ројтерс портпаролот на окружната полиција Маниш Чикара.
#BREAKING: Over 122 Hindu pilgrims killed and over 150 injured in a massive stampede during a religious congregation in Hathras of Uttar Pradesh. More than 50,000 were present at Ratibhanpur village under the Sikandra Rau tehsil. Mostly women among dead. More details are awaited. pic.twitter.com/BrdW0ejuWo
— Aditya Raj Kaul (@AdityaRajKaul) July 2, 2024
Непотврдени видеа на социјалните мрежи покажуваат тела наредени на земја пред локална болница. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди видеата. Лидерот на државата Утар Прадеш Јоги Адитјанат нареди истрага за инцидентот.
„Дадени се инструкции до надлежните службеници да спроведат операции за помош и спасување и да им пружат соодветен третман на повредените“, напиша тој на платформата Икс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

