Македонија
Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс
На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе се распише конкурс и, како што рече, каубојски вработувања веќе нема да има. Единствен кој ќе биде задржан е биологот бидејќи е потребен за опстојување на токсиколошката лабораторија.
Чибишев оцени дека во изминатиот период Клиниката била доведена во ситуација на организациски и кадровски колапс, а тоа во моментот уште повеќе ја отежнува состојбата бидејќи е период на годишни одмори.
„Најголем проблем ни е кадровската екипираност за да одговориме на предизвиците. Во изминатиот период тука имавме вработено 18 лица, кои работеа неколку месеци со истечени договори. Тоа внесуваше немир и конфликти меѓу вработените. Се даваа информации дека имаат договори за вработување благодарение на добиена согласност од Министерство за финансии, но таква согласност не постои“, рече Чибишев.
Образложи дека има документ од април 2024, во кој пишува дека Министерството за финансии се прогласува за ненадлежно за одлучување за согласност за вработување бидејќи се бара за време на избори. Истовремено, и антикорупциската комисија ги има оспорено таквите договори, а оспорени се и од Државниот санитарен инспекторат по две основи. Едниот е дека барањето за вработување е за време на избори, што е спротивно на одредбите од Изборниот законик, а второто е затоа што не се потпишани од двајцата директори.
Рече дека осумаесеттемина што работеле на Клиниката биле манипулурани со лажни ветувања дека ќе бидат вработени, незаконски престојуавле во институцијата со невалидни договори, а што е уште потрагично – добивале и плата.
„Исплатена е една и пол плата, со што буџетот на Клиниката е оштетен за речиси 650.000 денари. Тоа е значајна сума за нашата институција, секој денар е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесиран до надлежните државни институции“, рече Чибишев.
Новиот директор е задоволен од комуникацијата со министерот за здравство, Арбен Таравари, со кој работат на решавање на проблемот со недостиг на кадар. Рече дека направиле процена колку кадри им се неопходни за да може да го преживеат летото.
Недостиг на кадри има на сите нивоа – доктори, сестри, болничари, хигиеничари, лаборанти.
„Ќе ни требаат 15 луѓе од сите профили. Не се примаат доктори. Добар дел од оние што дојдоа и беа надежни ја напуштија Клиниката. Сведени сме на 15 доктори, процентот на старост е над 50 години. Ни требаат млади, нови кадри, кои можеме да ги обучиме. Некој треба да продолжи да работи и да ја држи институцијата на ниво“, рече Чибишев.
Најави дека во наредниот месец ќе има контрола од Финансиската полиција, а размислува да ја повика и Државната ревизија.
„Не сакам да останат дамки што ќе ги влечеме. Ќе ги информираме институциите, ако има нешто, ќе си постапуваат“, рече Чибишев.
Новото раководство, како што додаде, нема да се занимава со реваншизам и прогон на неистомисленици, туку приоритет ќе биде подобрувањето на условите за работа и на пациентите и на персоналот, како и набавката на нова и софистицирана медицинска опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

