Црна хроника
Кривични против четворица струмичани за „убиство во обид“

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 38-годишниот Е.М., 18-годишниот А.Ф., 18-годишниот А.М. и еден малолетник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, извести МВР.
„На 16.06.2024, по претходно нарушени меѓусебни односи, второпријавениот физички го нападнал Е.И.(23), а истиот ден пријавените насилно влегле во неговиот дом, физички го нападнале и му нанеле повреда со нож“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл.
15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го возилото, изгубило контрола и излетало од коловозот. На местото на несреќата починале таа и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница.
Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телата биле дадени на обдукција. На местото бил извршен увид.
Топ
МВР трага по возач кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Вчера во Скопје, на улицата Васил Ѓорѓов, се случи сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф“ и електричен тротинет управуван од 13-годишно девојче.
Возачот на автомобилот по несреќата го напуштил местото на настанот. Малолетничката се здобила со тешки повреди, додека нејзината 12-годишна сопатничка добила телесни повреди.
Двете се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Полицијата изврши увид и презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж од Ресен менувал дел на трактор кога машината почнала да се движи наназад – скокнал, но добил тешки повреди

Вчера во Ресен се случи несреќа во дворот на една куќа.
Шеесет и тригодишниот Е.З. додека менувал дел на својот трактор „Фергусон“, машината ненадејно почнала да се движи наназад. За среќа, успеал да скокне, но тракторот се превртел и тој се здобил со тешки повреди.
Итно бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Се работи на расчистување на околностите околу несреќата.