Свет
(Фото) Страшна бура во Њујорк: две тинејџерки загинаа во океанот, очевидци опишаа што се случувало
Девојки од Америка на возраст од 17 и 18 години загинале додека пливале во немирни води за време на невремето во близина на плажата Кони Ајленд во Бруклин, Њујорк, соопштија локалните власти.
Во петокот вечерта по локално време, полицијата добила повик за итно спасување кога девојките исчезнале од очите во водата, а припадниците на воздухопловните сили и вработените во локалното пристаниште започнале потрага, пренесува АП.
Нуркачките единици ги извадиле младите девојчиња од водата, по што биле префрлени во блиската болница каде била констатирана смрт.
Очевидци изјавиле дека повеќето од луѓето на плажата побарале засолниште откако започнало невремето, но дека две тинејџерки отишле да пливаат во немирните води.
A rain shear passes behind lower Manhattan and One World Trade Center as a storm passes through New York City before sunset, Friday evening #newyork #newyorkcity #nyc #storm pic.twitter.com/2GjyzmQJBe
— Gary Hershorn (@GaryHershorn) July 6, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Извештај на СЗО: Осум милиони луѓе во светот страдаат од туберкулоза
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека повеќе од осум милиони луѓе се заразиле со туберкулоза, што е најголем број заразени откако здравствената агенција на Обединетите нации почна да води евиденција.
Поновиот извештај покажа дека близу 8,2 милиони луѓе биле заразени со туберкулоза во 2023 година, што е највисок број регистриран откако СЗО почна да ја разгледува болеста на глобално ниво во 1995 година.
Зголемувањето во однос на 2022 година, кога имало 7,5 милиони заразени луѓе, ја претставува туберкулозата како водечка заразна и смртоносна болест во 2023 година, надминувајќи го Ковид-19, според СЗО.
Европа
Русите го нападнаа Киев по 19-ти пат овој месец: има повредени, а уништена е и градинката
Девет лица се повредени, неколку станови се опожарени, а детска градинка е оштетена во 19. руски напад врз украинската престолнина овој месец, соопштија властите во Киев.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 62 беспилотни летала во текот на ноќта, но противвоздушната одбрана уништила 33 од нив над Киев и други региони, иако 25 се водат за исчезнати.
„Деветнаесет воздушни напади врз Киев во октомври!“, напиша Серхи Попко, шеф на воената администрација на Киев, на апликацијата за пораки Телеграм. „Во текот на ноќта руските беспилотни летала повторно го прелетаа главниот град“.
Остатоците што паднаа од уништениот дрон предизвикаа пожар во повеќекатната станбена зграда во западниот кварт Соломјански во Киев, при што беа повредени најмалку девет лица, меѓу кои и едно 11-годишно девојче, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.
На сите им беше укажана помош од лекари на лице место, изјави Кличко.
Од зградата се евакуирани 19 лица, соопшти градската воена управа, која објави и фотографии од зградата со разнесени прозорци и оштетена фасада, за која велат дека е градинка во Соломјански.
Во текот на ноќта повеќе од два часа беше во сила воздушна тревога низ Киев, околниот регион и речиси цела источна половина на Украина.
Свет
Јапонија: Непризнавањето на истополовите бракови го нарушува правото на еднаквост загарантирано со Уставот
Јапонскиот Врховен суд денеска пресуди дека недостатокот на правно признавање на истополовите бракови во Јапонија го нарушува правото на еднаквост загарантирано со Уставот, наведувајќи дека забраната води кон дискриминаторски третман на луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација.
Сепак, Врховниот суд во Токио ја потврди пресудата на понискиот суд со која се отфрли барањето на тужителите државата да им исплати отштета на лицата на кои им биле ускратени тие права, пренесува агенцијата Kyodo.
Судот во Токио, исто така, пресуди дека забраната за истополови бракови ја прекршува одредбата од Уставот која вели дека законите што се однесуваат на бракот и семејството „мора да го зачуваат личното достоинство и суштинската еднаквост на половите“.