Македонија
Меџити најави затворање на нестандардната депонија на Липково
Првиот заменик претседател на Владaта, а воедно и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со вицепремиерот Арбен Фетаи, како и пратеници од регионот и општински советници, денеска најавија затворање на нестандардната депонија на Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак. Меџити во оваа прилика најави дека во рамките на ИПА2 Програмата за животна средина и климатска акција предвидени се значајни проекти за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион.
Овие проекти вклучуваат набавка на возила и контејнери, затворање на нестандардни депонии во двата региона како и изградба на регионален систем за управување со отпад.
Проектот опфаќа набавка на возила и контејнери на соодветните региони, вклучително и општина Липково, која ќе добие камион за собирање смет и 139 контејнери. Дополнително, планирано е затворање на повеќе нестандардни депонии, вклучително и депонијата во Липково (Никуштак) и пет други помали депонии во Матејче, Горна Рупа, Лојане 1, Лојане и Гору.
Во моментов проектот е во фаза на тендерирање по претходното откажување на избран изведувач. Новата проценка започна на 6 јуни 2024 година и се очекува да биде завршена до крајот на август 2024 година, кога ќе биде потпишан Договорот и ќе започне теренската работа.
Во меѓувреме, мал дел од депонијата ќе остане отворен до изградбата на регионалната депонија во Свети Николе. Во втората фаза од проектот, во рамките на ИПА 3 Програмата, депонијата ќе биде целосно затворена. По изградбата на регионалната депонија, отпадот од Липково ќе се транспортира до друг пункт во Куманово, а потоа до регионалната депонија во Свети Никола.
Во нестандардната депонија во Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак, ќе се вршат активности како преобликување на телото на депонијата, тампонирање стар отпад, изградба на пасивен систем за собирање гас и покривање на депонијата со здрава почва. Депонијата се наоѓа на стрмна падина и е далеку од секакво водно тело.
„Дејствуваме за доброто на граѓаните, за поздрав живот и почиста животна средина“, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

