Црна хроника
Скопјанка истепана во парк во Кисела Вода
Вчера вечер, во 23.00 часот во СВР Скопје, 31-годишната Ц.С. од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од Б.А., извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило и заврши во болница со тешки повреди
Вчера во 11.55 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Крушево се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „форд” со крушевски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(61) од Крушево, удрило во паркирано „ауди” со крушевски регистарски ознаки.
В.Д. со возило на Итна медицинска помош Крушево била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево.
Топ
Детали за пукањето во Чаир: Излегол од возило и со пиштол пукал во 19-годишник кој одел пеш по улица
По вчерашното пукање во скопски Чаир, Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за настанот. Од полицијата велат дека повредено е 19-годишно момче од Скопје кое по пукањето било пренесено во болница.
„Вчера околу 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош. Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати“, велат од МВР.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Се судрија „шкода“ и „мерцедес“ во Куманово, тројца завршија во болница
Во СВР Куманово вчера било пријавено дека на ул.„Братство и единство“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(62) и „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(60), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. а со телесни повреди се здобил С.Р. и неговиот сопатник И.Ѓ.(44) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.