Свет
(Видео) Гром удри во авион над Британија
Авион кој летал кон аеродромот Хитроу во Лондон бил погоден од гром. Летот на Бритиш ервејс од Штутгарт бил пренасочен по удар на гром и авионот слетал на аеродромот Гетвик, пишува британскиот таблоид The Sun.
Од авиокомпанијата за Sky News потврдија дека летот се одвивал во лоши временски услови, но не соопштија дополнителни детали. Патниците биле префрлени на нивната закажана дестинација Хитроу откако авионот слетал во Гетвик непосредно пред 14.25 часот по локално време.
@dailymail A British Airways plane was struck by lightning on its approach to Heathrow Airport, shocking passengers and forcing the crew to divert the flight path. The plane instead landed at Gatwick, with passengers praising the captains decision. #plane #flight ##storm #breakingnews ♬ original sound – Daily Mail
„Летот е пренасочен поради неповолните временски услови. Се извинуваме за непријатностите во плановите за патување на нашите клиенти“, рече портпаролот на Бритиш ервејс. Нема извештаи за повредени или оштетувања на леталото.
Британската метеоролошка служба објави дека вчера имало „обилни и грмотевици“ со „чести молњи“ во многу делови на Англија, вклучувајќи го и Лондон. Експертите наведуваат дека не е толку ретко гром да удри во авион за време на летот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут
Израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут, при што е извршено најинтензивното бомбардирање на либанската престолнина откако Израел ја засили својата воена кампања против поддржаното од Иран – либанско шиитско движење Хезболах.
Во текот на ноќта силни експлозии одекнуваа низ различни делови на Бејрут, а небото беше осветлено со црвени и бели светла, како молњи, кои се гледаа од неколку километри.
Израелската армија соопшти дека нејзините воздушни сили извршиле „серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут.“
Либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.