Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на сијамскиот близнак на Венко, Зоран Заев, донесе затруени плодови и штетни договори

Политиката на свиткан ‘рбет на сијамскиот близнак на Венко, Заев, донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука му порачаа на Венко Филипче, наместо да пишува басни и писанија на социјалните мрежи, во кои ни тој самиот не верува, да одговори дали чувствува вина што последиците од катастрофалните договори Македонија ги чувствува и денес.
„Политиката на свиткан ‘рбет на сијамскиот близнак на Венко, Зоран Заев, донесе затруени плодови и штетни договори, од кои и денес Македонија едвај глава крева.
Братот по криминал на Филипче, Заев, додека со едната рака се колнеше во идентитетот, со другата потпишуваше договори и мака немаше.
Членството во НАТО не е придобивка на Венко, но придобивка од Венко се десетици илјади луѓе што ги загубија животите поради неспособниот Венко.
Венко Филипче, наместо да се занимава со висока политика, треба да одговори дали уште смета оти кабелот е виновен за запалената модуларна болница?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.