Забава
Никол Шерцингер блесна во тесен фустан на Вимблдон
Никол Шерцингер беше вистинска атракција на Вимблдон, ја следеа погледите на гледачите и фотографите.
Таа се појави во тесен фустан во боја на слонова коска кој ја следеше линијата на телото, а аутфитот го дополни со златен и сребрен накит, мала црна чанта и очила за сонце. Овој пат со неа не беше нејзиниот вереник Том Еванс.
Никол и шест години помладиот шкотски рагбист Том Еванс се запознаа во 2019 година кога учествуваше во шоуто The X Factor: Celebrity со бендот Try Star. Тие се верија минатата година на Хаваи.
Неодамна заедно го прославија нејзиниот 46 роденден, по повод кој Никол ги почести своите фанови со фотографија во бикини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Софија Вергара фотографирана во деколтиран фустан за време на прошетка
Колумбиската актерка Софија Вергара е позната како една од најубавите жени на светот, а тоа го докажуваат и најновите папарацо-фотографии, на кои актерката е фатена опуштена.
Оваа 52-годишна актерка е фотографирана на улиците на Лос Анџелес во друштво на колешката Полин Давила.
Актерките беа добро расположени по ручекот во Беверли Хилс.
Софија го привлече вниманието во едноставен фустан со леопард-принт, во кој го истакна деколтето, а се комплетира со бела чанта, патики и природна шминка.
Забава
(Видео) Хајди Клум се појави во ризичен фустан на забавата по доделувањето на наградите „Еми“
По доделувањето на наградите „Еми“, се одржа традиционалната забава, на која се собраа многубројни ѕвезди од филмската и забавната индустрија.
View this post on Instagram
Германската манекенка Хајди Клум го привлече вниманието во тесен црн фустан, без ракави, со изрези и светки.
View this post on Instagram
Фустанот ги истакна нејзиното бујно деколте и совршената фигура, а 51-годишната манекенка спремно им позира на насобраните фотографи.
View this post on Instagram
Оваа германска убавица со децении е позната како една од најуспешните манекенки, а љубовта кон манекенството ѝ ја пренесе и на ќерката Лена.
Забава
Ќерката на Синди Крафорд е нејзина слика и прилика: блесна во речиси идентичен фустан
Каја Гербер на филмскиот фестивал во Торонто се појави во фустан сличен на оној што мајка ѝ, легендарната Синди Крафорд, го носеше на „Оскарите“ во 1993 година.
Станува збор за креација на Ерве Леже во бела боја. Изгледот Каја го комплетира со едноставна шминка, накит и високи потпетици.
На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Школка“, во кој таа имаше улога.
Нејзината стилистка Моли Дикинсон во интервју за „Вог“ изјави дека Каја ѝ испратила неколку идеи за тоа што би сакала да облече на фестивалот, а една од нив е и овој фустан.
„Мислев дека е одлично да го почитувам иконскиот момент на Синди на овој начин“, додаде таа.
Во далечната 1993 година Синди се прошета на црвениот тепих со својот тогашен сопруг Ричард Гир, а Каја на филмскиот фестивал во Торонто се појави без придружба.