Забава
Џорџ Клуни: Бајден треба да се пензионира, тој не е човекот што беше пред четири години
Американскиот актер Џорџ Клуни, кој собира средства од холивудските демократи, во средата рече дека претседателот Џо Бајден не е истата личност што ја освои Белата куќа во 2020 година и треба да се повлече од трката за уште еден претседателски мандат.
Клуни беше домаќин на собирање средства во Лос Анџелес во јуни, две недели пред лошиот настап на 81-годишниот претседател во дебатата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
„Страшно е да се каже, но Џо Бајден со кој бев пред три недели на собирање средства не е истиот Џо Бајден од 2010 година. Тој не беше ни Џо Бајден од 2020 година. Тој беше истиот човек што го видовме на дебатата“, напиша Клуни во „Њујорк тајмс“.
„Дали беше уморен? Да. Дали беше настинат? Можеби. Но, нашите партиски лидери треба да престанат да ни кажуваат дека 51 милион луѓе не го виделе она што го виделе“, додаде Клуни.
Последователното интервју со Џорџ Стефанопулос од Еј-би-си „само го потврди она што го видовме една недела порано“, рече Клуни.
Актерот, кој се опиша себеси како упорен демократ, напиша: „Нема да победиме во ноември со овој претседател. Освен тоа, нема да го освоиме Домот и ќе го изгубиме Сенатот“.
„Ова не е само мое мислење, ова е мислењето на секој сенатор и конгресмен и гувернер со кои сум разговарал приватно. Секој, без разлика што тој или таа јавно тврди“, напиша Клуни.
Бајден рече дека имал лоша ноќ на дебатата, но вети дека ќе остане во претседателската трка. Клуни изрази восхит кон Бајден и рече дека го смета за пријател.
„Верувам во него. Верувам во неговиот карактер. Верувам во неговиот морал. Во изминатите четири години тој победи во многу битки со кои се соочи“, напиша Клуни.
„Но, битката што не може да ја добие е битката со времето“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

